Пред да тргне во производство која било иновација од Continental, таа интензивно се тестира. Сосема новите востановени методи на тестирање гарантираат секојдневна соодветност. Continental користи и развива сè понапредни технологии на мерење на тестовите за да добие позрели и оптимизирани производи.
Ние тестираме секаде во светот – заради ваша безбедност.
Со текот на годините одново и одново покажуваме дека не постојат граници за нашите пневматици на тестовите што се спроведуваат на нашите тест-полигони во САД, Нов Зеланд, Шведска, Шпанија и на крајот, но не и како последна, на нашата локална патека Контидром покрај Хановер, што истовремено е и најбарана референтна патека кај независните експерти.
Сите наши летни и зимски пневматици поединечно од цел свет на тој начин се тестирани во сите временски услови и на сите површини на патот. Нема потреба да кажеме дека тоа се одвива според најмодерните методи на тестирање и со најмодерните технологии на мерење.
140.000 пневматици поединечно се тестираат секоја година и изминуваат вкупно 200 милиони километри. Меѓународниот тим од професионални тест-возачи спроведува повеќе од 67.000 тестови – и ја обиколува планетата 500 пати пред да се одобри некоја иновација. На тој начин Continental обезбедува доставување само на најбезбедни, најудобни и сигурни решенија за мобилност.
Прв сосема автоматизиран систем за тестирање на пневматици од Continental.
24 часа дневно, 365 дена годишно: со системот AIBA (Automated Indoor Braking Analyzer), Continental го подигнува тестирањето на пневматици на ново ниво. Низ сосема автоматизиран процес во халата во Контидром неименувано тест-возило забрзува до брзина и до 120 km/h, а потоа сопира, со хидрауличен погон, на променливи површини на патот со стандардизирани перничиња. Тестовите може да се спроведуваат во текот на цела година на влажни и на суви површини и на одделни замрзнати ленти на патот. Додека тестовите се спроведуваат без оглед на временските услови, Continental е во можност да понуди најточни процедури за тестирање на сопирањето во светот и да ја унапреди репродуктивноста за 70%. Значи, може да здивнете и да бидете сигурни дека вашите пневматици ќе овозможат одлични перформанси на сопирање независно од времето по кое возите.