Додека ги развиваме нашите премиум пневматици, ние ги разгледуваме апсолутно сите аспекти на безбедноста и на перформансите. Резултат се највисоки оцени за пневматиците Continental низ светот. Continental не само што тврди дека произведува пневматици од светска класа според највисоките стандарди за квалитет. Ние навистина може и да го докажеме тоа: Нашите повеќекратно наградувани победнички пневматици редовно се тестирани од независни меѓународни списанија.
Од 2007 година производите на Continental добија највисоки препораки во приближно 80% од сите спроведени тестови. Притоа, компанијата е избрана за врвен бренд на пневматици од водечките списанија за автомобили, како што се AutoBild и AutoZeitung и таа е наградена како најдобра во 50 години тестови во авто-мото спортот.
Нашиот постојан развој на пневматици ќе ја одржи оваа традиција.
Овде се дадени само некои од нашите резултати на тестови:
Во изданието од август 2015 година германското списание Auto Zeitung објави тест за летни пневматици за SUV-возила со димензии 215/65 R16 H/V. Тест-возилото беше VW Tiguan. Тестот го спроведе списанието на пробната писта на Continetal во Јувалди, Тексас.
Оцена за ContiPremiumContactTM 5: „Исклучително се препорачува“
За нашиот ContiPremiumContactTM 5:
+ балансиран пневматик
+ ефикасен и сигурен пневматик
Во изданието од април 2015 година списанието AutoBild sportscars ги објави резултатите од новите тестирања на летни пневматици со димензии 255/35 R 19 (за преден погон) и 275/35 R 19 (за заден погон). Тест-возило беше BMW M4.
Тестирањето го спроведе списанието на локацијата Вахауринг во Австрија во соработка со Vredestein.
Оцена за ContiSportContactTM 5 P: добар
За нашиот ContiSportContactTM 5 P:
+ задоволителни карактеристики на управување
- безначајно доцнење во средишниот одѕив на суви патишта
- одличен одѕив на воланот на влажни патишта
- просечно сопирање
Автомото-клубовите ADAC во Германија, OEAMTC во Австрија и TCS во Швајцарија и организацијата на германски потрошувачи Stiftung Warentest“„ објавија резултати од тестирањето на летни пневматици на нивните интернет-страници (www.adac.de / www.oeamtc.at / www.tcs.ch / www.test.de)
- 185/60 R14 82H
- 205/55 R16 91V
Тестот беше спроведен на следниве пробни локации:
- Сите критериуми на влажен пат, за потрошувачка на гориво, бучава: Контидром, Јеверсен во Германија
- Сите критериуми на сув пат: Бриџстоун, Рим
- Километража 185/60 R14: Бриџстоун Веар Машин, Рим
- Километража 205/55 R16: Тест за абење спроведен од ADAC околу Ландсберг во Баварија
- Тест при големи брзини спроведе TU Darmstadt
Оцена за ContiPremiumContactTM 5: „Добар/Исклучително се препорачува“
За нашиот ContiPremiumContactTM 5 (што го произведува фабриката во Лусадо)
+ добро балансиран пневматик
+ многу добар на влажен пат
+ најдобро управување на влажни површини
+ добар и на сув пат
Во своето издание од април Auto Bild Allrad ги објави резултатите од тестирањето на летни пневматици за 4 x 4 возила со димензии од 215/65 R16 H/V, тестирани на VW Tiguan.
Ова списание го спроведе тестот
- на влажен пат на Контидром во Јеверсен
- сите други тестови на пробната писта на GoodYear во Сан Анџело во Соединетите Американски Држави
Оцена за CrossContactTM UHP: „се препорачува“
За нашиот CrossContactTM UHP:
+ многу мали растојанија за запирање
+ неверојатна тракција на трева и во кал
- просечни перформанси на хидропланинг
- звучни перформанси
- цена
Во своето издание 21/2014 германското списание Auto Zeitung ги објави резултатите од тестирањето на зимски пневматици со димензии 205/55 R16 91H на возилото Seat Leon 1,4 TSI ACT.
Тестот беше спроведен од списанието на следниве пробни локации:
- Ивало на Nokian во Финска (тестирање во зимски услови)
- Миревал на GoodYear во Франција ( тестирање на влажни и на суви патишта)
Резултат за ContiWinterContactTM TS 850: „Победник на тестот“
За нашиот ContiWinterContact TS 850:
+ многу сигурен на снег, на влажни и на суви површини
+ „Крал на снегот“ „Schnee-König“
+ мала потрошувачка на гориво
+ добар хидропланинг и стабилно однесување на возилото на влажен пат
Во своето октомвриско издание списанието AutoBild sportscars ги објави резултатите од тестирањето на зимски пневматици со димензии 235/35 R19 W/V тестирани на возило BMW M 135i.
Ова списание го спроведе тестот во соработка со Pirell во Вицола во Италија и во Алвсбин во Шведска.
Резултат за TS 850 P (235/35 R19 W/V): „vorBILDlich“
За нашиот ContiWinterContactTM TS 850 P:
+ сигурен зимски пневматик со перформанси „vorbildlicher“ на влажен пат
+ многу добро управување во влажни и во суви услови, добар одѕив на воланот, прецизно формирање на бочната сила
+ мали растојанија на запирање на влажен пат и на пат со снег
+ мал отпор на тркалање
Во своето издание 20/2014 германското списание auto motor und sport (ams) ги објави резултатите од тестирањето на зимски пневматици со димензии 205/55 R16 H на VW Golf.
Тестот беше спроведен од списанието ams на следниве пробни локации:
- Ивало на Nokian во Финска (тестирање во зимски услови)
- Контидром во Јеверсен во Германија (тестирање на сув и на влажен пат)
Резултат за ContiWinterContactTM TS 850: „Исклучително се препорачува“
За нашиот Continental TS 850:
+ добри перформанси во снежни услови
+ најдобро балансиран пневматик
+ најдобар на влажен пат
- динамично однесување при возење на снег, не се препорачува за возила без електронска програма за стабилност