Производи за автомобил / комбе / 4 х 4
Ниедна сезона не комбинира толку многу временски услови како зимата. Сепак, ние сакаме сигурно да ги совладаме сите нив. Новиот пневматик WinterContact™ TS 870 P е опремен со подобрен концепт на отвори и шара, што ви дава одлично прилегнување на снег и на мраз. Истовремено, новиот состав на нашето соединение CoolChili™ овозможува оптимизирани перформанси во влажни услови, екстра мал отпор при тркалање и голема километража за да ви овозможи да уживате во безбедно зимско возење во секое време – под какви било услови.
Дали знаете дека ништо не се прилепува подобро на снег од самиот снег? Ова е пневматик што го пренесува ова сознание на улица. Благодарејќи на подобрената конфигурација на косите паралелни отвори, од земјата може да се собере повеќе снег. На тој начин се обезбедува посилно прилегнување и ви се овозможува поконтролирано управување. Секогаш кога треба да сопирате, долгите рабови за бришење овозможуваат исклучително брзо исцрпување на водата и на лапавицата за да се намали растојанието на сопирањето на замрзната земја.
Со оглед дека зимските денови може да ве изненадат со дожд, работевме на технологија со која ќе обезбедиме извонредни перформанси при возење на влажни површини. Благодарејќи на подобрениот состав на нашето соединение CoolChili™, кое е составено од нови одржливи состојки, вие може секогаш да сметате на подобрено сопирање во влажни услови, додека специјалните хидрожлебови обезбедуваат исклучителни перформанси при аквапланинг. Затоа, секогаш кога времето ќе стане влажно, веќе знаете дека сте совршено подготвени.
Помалиот отпор при тркалање резултира со помала потрошувачка на гориво, додека помалата абразија доведува до поголема километража. Толку за теоријата. Еве како го користиме тоа во практика: Приспособениот флексибилен полимер со силни молекуларни синџири обезбедува помалку абразија на патот и го продолжува векот на траење на вашиот пневматик. А кој би му кажал не на долготраен пневматик што ви помага да заштедите пари?
Рејтингот на прилегнувањето во влажни услови укажува колку добри перформанси ќе има пневматикот во влажни услови, при што перформансите се рангираат од класа А надолу до класа Е. Високата оцена А значи мали растојанија при сопирање на влажни патишта.
Намалениот отпор при тркалање заштедува гориво и ја намалува емисијата на CO2. Пневматиците од класа A му даваат најдобра ефикасност на горивото, а одејќи надолу до класа Е потрошувачката на гориво се зголемува.
Ова е надворешната бучава при тркалање што ја прави пневматикот, а се мери во децибели. На ознаката е прикажано нивото на бучава рангирано од класа А надолу до класа С.
Освен овие три вредности на ознаката, постојат и пиктограми − ако е применливо − за перформансите во остри услови на снег (3PMSF) и/или за прилегнување во услови на мраз (второво важи само за пневматиците за патнички автомобили).
Со генераторот на ознака на ЕУ може да пристапите до специфичните вредности на ознаката за вашите пневматици од Continental.
За дополнителни детали за новата ознака на ЕУ за пневматици (2020/740) кликнете тука.