Производи за автомобил / комбе / 4 х 4
Со нашите револуционерни технологии PrecisionPlus и S-Grip, без оглед на изненадувањата што може да ги донесат патиштата, WinterContact™ TS 850 P секогаш е подготвен.
Единствениот пристап на дизајнот на пневматикот обезбедува да имате екстремна прецизност при забрзување и при свртување.
Технологијата ActiveBand на Continental значително ги намалува вашите растојанија на запирање на суви и на влажни површини.
WinterContact™ TS 850 P е следната генерација на прецизни перформанси од Continentala.
Во своето октомвриско издание 10/2014 AutoBild sportscars (Германија) го објави тестот за зимски пневматици 2014. Тестираната димензија на пневматикот беше 235/35 R19 W/V, а тест-возило беше BMW M 135i.
Тестот е спроведен од списанието AutoBild sportscars во соработка со Pirelli во Вицола, Италија, и во Алвсбин, Шведска.
Резултати за WinterContactTM TS 850 P (235/35 R19 W/V): „исклучителен“
Поврзано со нашиот WinterContactTM TS 850 P:
+ убедлив зимски пневматик со „исклучителни“ перформанси на влажен пат
+ многу добар во управување на влажни и на суви површини, добар одѕив на воланот, прецизна изградба на бочните сили
+ мало растојание на запирање на снег и на влажен пат
+ мал отпор на тркалање
Пневматиците со перформанси на прилегнување на мокри површини (со класа A или В) имаат помали растојанија на сопирање на мокри патишта и, според тоа, побезбедни се на дожд. Како и во случајот со ефикасноста на горивото, класата D не се користи, а нема планови ни за користење на класата G.
Пневматиците учествуваат со 20% во потрошувачката на вашето возило и затоа, ако сакате да добиете повеќе километри по резервоар гориво, треба да изберете пневматици со високa оцена на ефикасностa на горивото. Исто така, ќе ја намалите емисијата на јаглерод диоксид. При движење на пневматикот се создава отпор на тркалање, односно доаѓа до губење на енергијата. Колку што е помал отпорот на тркалање, толку помалку енергија се губи и толку е помала емисијата на јаглерод диоксид. Разликата меѓу пневматик со оцена A и пневматик со оцена G би можела да биде до 6 литри на 625 милји.
Ова е надворешната бучава што ја прави пневматикот и се мери во децибели. Колку што повеќе се пополнети лентите што се прикажани на ознаката, толку се побучни пневматиците.