Производи за автомобил / комбе / 4 х 4
Оптимизираниот шаблон на шарката обезбедува подобро вклопување со снегот, што автоматски води до пократки растојанија на сопирање. Дополнително, браздите и средишните шари ја подобруваат компресијата на снегот во браздите. На тој начин, се зголемува зафаќањето, а исто така и влечната сила врз снегот.
Преку широките бразди се оптимизира распоредот на водата, со што се обезбедува висока безбедност од лизгање. Дополнително, тридимензионалните шари се поддржуваат меѓусебно со што се добива поголема стабилност. Како резултат на тоа, на влажни коловози се намалува растојанието на сопирање.
Новата силикатна мешавина ја намалува загубата на енергија и ја подобрува отпорноста на тркалање.
Рејтингот на прилегнувањето во влажни услови укажува колку добри перформанси ќе има пневматикот во влажни услови, при што перформансите се рангираат од класа А надолу до класа Е. Високата оцена А значи мали растојанија при сопирање на влажни патишта.
Намалениот отпор при тркалање заштедува гориво и ја намалува емисијата на CO2. Пневматиците од класа A му даваат најдобра ефикасност на горивото, а одејќи надолу до класа Е потрошувачката на гориво се зголемува.
Ова е надворешната бучава при тркалање што ја прави пневматикот, а се мери во децибели. На ознаката е прикажано нивото на бучава рангирано од класа А надолу до класа С.
Освен овие три вредности на ознаката, постојат и пиктограми − ако е применливо − за перформансите во остри услови на снег (3PMSF) и/или за прилегнување во услови на мраз (второво важи само за пневматиците за патнички автомобили).
Со генераторот на ознака на ЕУ може да пристапите до специфичните вредности на ознаката за вашите пневматици од Continental.
За дополнителни детали за новата ознака на ЕУ за пневматици (2020/740) кликнете тука.