Производи за автомобил / комбе / 4 х 4
Перформанси добиени со германски инженеринг.
Сознанието дека секогаш може да им верувате на своите пневматици ви дава доверба. Новиот пневматик SportContact™ 7 е проектиран така што да ви даде чувство на сигурност со сознанието дека може да ги туркате границите понатаму и понатаму, за да може едноставно да уживате во задоволството од возење во највисоката фаза.
Со оглед дека условите за возење може да се сменат за само неколку секунди, вие секогаш треба да се потпрете на пневматик што знае како да реагира. Поради приспособливата шара, постојано имате безбедно возење на влажни и суви површини - дури и при поголеми брзини.
Уживајте во задоволството од возењето на следното ниво подолго од кога било порано*. Совршено балансираната интеракција на крутата шара со мал број празнини и мекото соединение BlackChili овозможува првокласни перформанси додека километражата на вашите пневматици значително се зголемува.
*Во споредба со претходникот.
Како прв пневматик приспособен за различни класи и тежини на возила, SportContact™ 7 ви го дава карактеристичното SportContact™ чувство, секогаш кога го палите моторот.
Рејтингот на прилегнувањето во влажни услови укажува колку добри перформанси ќе има пневматикот во влажни услови, при што перформансите се рангираат од класа А надолу до класа Е. Високата оцена А значи мали растојанија при сопирање на влажни патишта.
Намалениот отпор при тркалање заштедува гориво и ја намалува емисијата на CO2. Пневматиците од класа A му даваат најдобра ефикасност на горивото, а одејќи надолу до класа Е потрошувачката на гориво се зголемува.
Ова е надворешната бучава при тркалање што ја прави пневматикот, а се мери во децибели. На ознаката е прикажано нивото на бучава рангирано од класа А надолу до класа С.
Освен овие три вредности на ознаката, постојат и пиктограми − ако е применливо − за перформансите во остри услови на снег (3PMSF) и/или за прилегнување во услови на мраз (второво важи само за пневматиците за патнички автомобили).
Со генераторот на ознака на ЕУ може да пристапите до специфичните вредности на ознаката за вашите пневматици од Continental.
За дополнителни детали за новата ознака на ЕУ за пневматици (2020/740) кликнете тука.