Производи за автомобил / комбе / 4 х 4
Кристалното силиконско соединение овозможува супериорно сопирање посебно при влажни услови на патот. Додека перформансите за безбедност се задржани на максимално ниво, изминатата километража е значително зголемена – со тоа е решен конфликтот во развојот на пневматикот.
Смесата на полимер за оптимизирано абење дава исклучително подобрување од повеќе од 15% изминати километри. Покрај тоа, крутоста на мазната шара ги зголемува удобноста и изминатата километража, а ја намалува надворешната бучава.
Подобрениот дизајн на макроблокот обезбедува максимална контрола и стабилност при свртување. Покрај тоа, асиметричната геометрија на ребрата овозможува подобро прилегнување кај ефектот на бочните сили.
Пневматиците со перформанси на прилегнување на мокри површини (со класа A или В) имаат помали растојанија на сопирање на мокри патишта и, според тоа, побезбедни се на дожд. Како и во случајот со ефикасноста на горивото, класата D не се користи, а нема планови ни за користење на класата G.
Пневматиците учествуваат со 20% во потрошувачката на вашето возило и затоа, ако сакате да добиете повеќе километри по резервоар гориво, треба да изберете пневматици со високa оцена на ефикасностa на горивото. Исто така, ќе ја намалите емисијата на јаглерод диоксид. При движење на пневматикот се создава отпор на тркалање, односно доаѓа до губење на енергијата. Колку што е помал отпорот на тркалање, толку помалку енергија се губи и толку е помала емисијата на јаглерод диоксид. Разликата меѓу пневматик со оцена A и пневматик со оцена G би можела да биде до 6 литри на 625 милји.
Ова е надворешната бучава што ја прави пневматикот и се мери во децибели. Колку што повеќе се пополнети лентите што се прикажани на ознаката, толку се побучни пневматиците.