алување на емисиите од автомобили со ЕУ-ознака на пневматиците
ЕУ се обврза да ја намали емисијата на гасови со ефект на стаклена градина за да достигне климатска неутралност до 2050 година. Намалувањето на емисиите на CO2 од патниот сообраќај има главна улога во исполнувањето на овие цели.
Изборот на поштедливи пневматици може да придонесе да се намалат емисиите во транспортниот сектор. За да им помогне на потрошувачите во донесувањето одлуки засновани врз информации, ЕУ воведува нова шема на означување на пневматиците што ќе стапи во сила на 1 мај 2021 година.
ЕУ-ознаката за пневматици ќе им овозможи на потрошувачите во ЕУ да избираат поштедливи пневматици, што може да доведе до големи заштеди, како за крајните корисници, така и за комерцијалните корисници од аспект на трошоците и на емисиите. Безбедноста на патиштата е подобрена преку подобро прилегнување на влажни патишта, а информациите за нивото на бучава помагаат во намалувањето на загадувањето со бучава поврзано со сообраќајот.
Овде настапува вашиот дел (обврска): како дистрибутер на пневматици од 1 мај 2021 година вие треба да обезбедите:
На продажното место ознаката на пневматиците да биде јасно видлива. Информативниот лист за производот да биде достапен (дигитално) и на барање да биде даден во печатена форма. Таму каде што пневматикот не е физички прикажан во продавницата и каде што тој се продава онлајн, односно од далечина, информациите треба да бидат достапни дигитално.
Кога продавате пневматик што е дел од серија од еден или повеќе идентични пневматици, ознаката и информативниот лист за производот треба да бидат достапни (дигитално) и доставени на барање.
Во визуелни реклами или во други промотивни материјали, информациите на ознаката на пневматикот мора да бидат прикажани - дигитално или во печатена форма - секогаш кога се промовира или се прикажува определен тип пневматик. На листата на производи доволни се соодветните симболи на перформансите и декларираните класи/вредности на ознаката.
Сите пневматици што ние ќе ги испорачаме ќе бидат во согласност со новата Регулатива. Пневматиците за автомобили ќе бидат испорачани со лепенка што ќе содржи дополнителни информации, како што се називот на линијата на пневматикот и меѓународниот број на артиклот (EAN) (видете ја скицата).
Пневматиците што ви се испорачани пред 1 мај 2021 година со претходната ознака и понатаму остануваат усогласени со прописите. Периодот на преминување има одредена преодна фаза и пневматиците не мора повторно да бидат обележани ако ви се доставени пред 1 мај 2021 година. Ова се однесува и на пневматиците што веќе се наоѓаат на пазарот (на пример, во нашите малопродажни дистрибутивни центри (RDC)), а вам ви се испорачани по 1 мај 2021 година.
Меѓутоа, ние сигурно навреме ќе ги пренесеме вредностите на новите ознаки, па така ќе можете да ја користите и новата ЕУ-ознака за да им помогнете на вашите купувачи да направат избор заснован врз информации. Освен тоа, новата ознака ќе може да се преземе и да се отпечати од EPREL. Така, ако купувачот ја бара ознаката, вие ќе може да ја обезбедите брзо и лесно.
Дознајте повеќе за тоа што е ново во информациите за означување пневматици, обврските на продажното место и за тоа како Continental ќе ве поддржи преку најчесто поставувани прашања.