Производи за автомобил / комбе / 4 х 4
Големата крутост на блокот во центарот на шарата на слојот за газење и големиот број засеци со максимална формација на работ на прилегнување овозможуваат унапредена моќ на сопирање на влажни и на замрзнати патишта.
Големиот број блокови и засеци на рамената на пневматиците креираат многубројни рабови на прилегнување од што произлегува поефикасна тракција на снег.
Поради изедначената дистрибуција на крутоста на блокот што произведува изедначена дистрибуција на притисокот на контактот со патот, пневматикот има помало и изедначено абење и резултат е поголема измината километража.
Во последното издание (11/2013) германското списание UHP за спортски автомобили (Германија) објави тест за зимски пневматици 2013. Димензијата на пневматикот беше 245/40 R18 V, а тест-возило беше Audi TT RS.
Резултати за ContiWinterContactTM TS 830 P: „Силно се препорачува“
Поврзано со WinterCnatactTM TS 830 P:
+ добро балансирано однесување при возење во сите дисциплини
+ добро сопирање, стабилност и прецизност на суви површини
Во изданието 11/2012 AutoBild allrad (Германија) објави тест за зимски пневматици 2012. Тестираната димензија беше 235/55 R 17, а тест-возило беше Audi Q3.
Резултати за ContiWinterContactTM TS 830 P: „исклучителен“ - Победник на тестот
Поврзано со ContiWinterContactTM TS 830 P:
+ многу добар на снег
+ вкупно балансиран пневматик
+ добри карактеристики на управување во влажни и во суви услови
Во изданието 11/2012 AutoBild sportscars (Германија) објави тест за зимски пневматици 2012. Тестираната димензија беше 225/45 R 17, а тест-возило беше Golf 6.
Резултати за ContiWinterContactTM TS 830 P: „исклучителен“
Поврзано со ContiWinterContactTM TS 830 P:
+ силен универзалец
+ добар за зима
+ мало растојание на запирање на влажен пат
+ стабилни карактеристики при возење со прецизно однесување зад воланот
+ најдобра удобност при тркалање
+ најдобар во потрошувачката на гориво
Списанието Auto Bild (Германија), издание 39/2011, тестираше различни зимски пневматици со димензии 225/45 R17 H/V на автомобил BMW серија 3.
Резултати за ContiWinterContactTM TS 830 P: „се препорачува“
Поврзано со ContiWinterContactTM TS 830 P:
Карактеристики на безбедно управување со стабилно бочно прилегнување во сите зимски услови
Многу мало растојание на запирање на влажен пат
Мал отпор на тркалање
Рејтингот на прилегнувањето во влажни услови укажува колку добри перформанси ќе има пневматикот во влажни услови, при што перформансите се рангираат од класа А надолу до класа Е. Високата оцена А значи мали растојанија при сопирање на влажни патишта.
Намалениот отпор при тркалање заштедува гориво и ја намалува емисијата на CO2. Пневматиците од класа A му даваат најдобра ефикасност на горивото, а одејќи надолу до класа Е потрошувачката на гориво се зголемува.
Ова е надворешната бучава при тркалање што ја прави пневматикот, а се мери во децибели. На ознаката е прикажано нивото на бучава рангирано од класа А надолу до класа С.
Освен овие три вредности на ознаката, постојат и пиктограми − ако е применливо − за перформансите во остри услови на снег (3PMSF) и/или за прилегнување во услови на мраз (второво важи само за пневматиците за патнички автомобили).
Со генераторот на ознака на ЕУ може да пристапите до специфичните вредности на ознаката за вашите пневматици од Continental.
За дополнителни детали за новата ознака на ЕУ за пневматици (2020/740) кликнете тука.