Врвна стабилност при свртување и при прилегнување.
Издолженото саќе овозможува голема крутост на шарата за подобро управување на суви површини за време на ниски температури
Производи за автомобил / комбе / 4 х 4
Издолженото саќе овозможува голема крутост на шарата за подобро управување на суви површини за време на ниски температури
Компактните блокови на шарата го максимираат контактот на пневматикот и патот, а тоа ги намалува растојанијата за запирање на снег и на мраз. Засеците во форма на саќе го подобруваат прилегнувањето на снег во свијоци.
Неговата аквадинамичка структура на жлебовите е многу ефикасна против аквапланинг.
Во октомвриското издание германската организација на потрошувачи „Stiftung Warentest“ објави тест за зимски пневматици за 2012 година. Тестот е објавен врз основа на резултатите од тестот на автомобилските клубови ADAC (Германија), ÖAMTC (Австрија) и TCS (Швајцарија). Тестираната димензија беше 165/70 R14 T, а тест-возило беше VW Polo.
Резултати за ContiWinterContactTM TS 800: „ДОБАР“
Поврзано со ContiWinterContactTM TS 800:
+ убедлив на снег
Автомобилските клубови ADAC (Германија) / OEAMTC (Австрија) / TCS (Швајцарија) објавија тест за зимски пневматици 2012 на своите интернет-страници (www.adac.de / www.oeamtc.at / www.tcs.ch ). Тестираната димензија беше 165/70 R14 T, а тест-возило беше VW Polo.
Резултати за ContiWinterContactTM TS 800: „ДОБАР“
Поврзано со ContiWinterContactTM TS 800:
+ Најдобар пневматик на снег
+ многу добар на суви и на влажни патишта
+ многу добра потрошувачка на гориво
Пневматиците со перформанси на прилегнување на мокри површини (со класа A или В) имаат помали растојанија на сопирање на мокри патишта и, според тоа, побезбедни се на дожд. Како и во случајот со ефикасноста на горивото, класата D не се користи, а нема планови ни за користење на класата G.
Пневматиците учествуваат со 20% во потрошувачката на вашето возило и затоа, ако сакате да добиете повеќе километри по резервоар гориво, треба да изберете пневматици со високa оцена на ефикасностa на горивото. Исто така, ќе ја намалите емисијата на јаглерод диоксид. При движење на пневматикот се создава отпор на тркалање, односно доаѓа до губење на енергијата. Колку што е помал отпорот на тркалање, толку помалку енергија се губи и толку е помала емисијата на јаглерод диоксид. Разликата меѓу пневматик со оцена A и пневматик со оцена G би можела да биде до 6 литри на 625 милји.
Ова е надворешната бучава што ја прави пневматикот и се мери во децибели. Колку што повеќе се пополнети лентите што се прикажани на ознаката, толку се побучни пневматиците.