Производи за автомобил / комбе / 4 х 4
ContiSportContact™ 5 се приспособува на површината на патот, давајќи унапредено прилегнување и управување при забрзување и при свртување.
Со воведување на технологијата Black Chilli, ContiSportContact™ 5 е пореактивен, овозможувајќи помали растојанија на запирање на влажни и на суви патишта.
Единственото соединение на пневматикот обезбедува значително намален отпор на тркалање – за поголема километража и намалена потрошувачка на гориво.
Во изданието (05/2014) германското списание sport auto објави тест за летните пневматици UHP. Тестираниот пневматик имаше димензии 225/40 R18 Y, а тест-возило беше VW Golf GTI.
Тестот го спроведе списанието sport auto на теренот за тестирање Контидром во Јеверсен /Витце.
Оцена за ContiSportContactTM 5: „Се препорачува“
Поврзано со нашиот ContiSportContactTM 5:
+ Најдобар во хидропланинг
+ Добар во свртување на влажни површини
- проблеми со сопирање на влажни површини
- не се препорачува за автомобили без електронска програма за стабилност (ESP)
Во своето ново мартовско издание Auto Bild Allrad (Германија) објави тест за летни пневматици 4x4. Пневматикот имаше димензии 255/55 R18 V/W/Y, а тест-возило беше BMW X5.
Тестот го спроведе списанието Auto Bild Allrad во соработка со Continental во Јувалди/Тексас.
Оцена за ContiSportContactTM 5 SUV: „Победник на тестот“
Поврзано со нашиот ContiSportContactTM 5 SUV:
+ многу балансиран летен пневматик
+ исклучително мали растојанија на запирање
+ прецизно управување
- цена
- просечна тракција на влажна трева
Во изданието (02/2014) германското списание Auto Zeitung Allrad објави тест за летни пневматици за возила SUV. Тестираниот пневматик имаше димензии 255/50 R19 W/Y, а тест-возило беше Mercedes ML 350.
Тестот го спроведе списанието Auto Zeitung Allrad на теренот за тестирање на Continental во Јувалди, Тексас..
Оцена за ContiSportContactTM 5 SUV: „Победник на тестот“
Поврзано со нашиот ContiSportContactTM 5 SUV:
+ најдобар во сопирање на влажни, суви и на off-road површини
+ вкупно најдобар на суви површини
+ вкупно најдобар пневматик во off-road критериумите
+ најдобар во отпорот на тркалање
ACE (Auto Club Europa) и германскиот GTÜ (Gesellschaft für Technische Überwachung mbH) го објавија својот тест за летни пневматици за 2014 година. Пневматикот имаше димензии 225/45 R17, а беше тестиран на возилата VW Golf и Seat Leon.
Оцена за ContiSportContactTM 5: „Силно се препорачува (Победник на тестот)“
Поврзано со ContiSportContactTM 5
+ најдобар во сопирање на влажни и на суви патишта
Во своето издание (бр. 6, 2014) германското списание Auto Zeitung објавитест за летни пневматици за пневматик со димензии 225/50 R17 W/Y. Тест-возило беше BMW 320i 170PS.
Оцена за ContiSportContactTM 5: „Победник на тестот“
Поврзано со ContiSportContactTM 5
+ најдобар во сопирање на суви површини
+ мал отпор на тркалање
+ добар во сопирање на влажни површини и безбеден во управување на влажни површини
- само просечен во хидропланинг
„Не е важно дали патеката е влажна или сува: Победникот на тестот на Continental ContiSportContactTM 5 не само што се тркала брзо туку истовремено е и многу безбеден“
Автомобилските клубови ADAC (Германија) / OEAMTC (Австрија) / TCS (Швајцарија) (Германија) објавија тест за летни пневматици за 2013 година на своите интернет-страници. ( www.adac.de / www.oeamtc.at / www.tcs.ch)
- 225/45 R17 W/Y (тестиран на автомобил Skoda Octavia)
- 185/60 R15 H (тестиран на автомобил VW Polo)
Автомобилските клубови ги спроведоа тестовите на на следниве тест-терени:
- Сите критериуми на влажни патишта, потрошувачка на гориво: Контидром, Јеверсен, Германија.
- Управување и суво сопирање: Бриџстоун, Рим, Италија.
- Километража 225/45 R17: ADAC тест на терен, Лизберг, Германија.
- Километража 185/60 R15: Бриџстоун Веар Машин, Рим, Италија.
- Тест за максимална брзина спроведен од TU: Дармштат, Германија.
Оцена за ContiSportContactTM 5: „Добар“ (Победник на тестот)
Поврзано со нашиот ContiSportContactTM 5
+ многу балансиран пневматик
+ најдобра оцена на влажни површини
+ добар на суви патишта
+ мала потрошувачка на гориво
Во последното издание германската организација на потрошувачи „Stiftung Warentest“ објави тест за летни пневматици за 2013 година. Тестот е заснован врз резултатите од тестот на автомобилските клубови ADAC (Германија),
OEAMTC (Австрија) и TCS (Швајцарија) што биле објавени претходно.
Оцена за ContiSportContactTM 5: „Добар“
Поврзано со нашиот ContiSportContactTM 5:
+ "Naša preporuka: Najbolji pneumatici su ContiSportContactTM i Goodyear Eagle F1 Asymmetric 2"
Во своето мартовско издание списанието Auto Bild sportscars (Германија) објави тест за летни пневматици UHP за 2013 годиан. Тестираниот пневматик имаше димензии 225/35 ZR18, а тест-возило беше Mini Cooper S JW.
Тестот го спроведе списанието Auto Bild sportscars во соработка со Nexen во Вахауринг, Австрија. Хидропланингот беше тестиран од списанието Auto Bild sportscars во Контидром.
Оцена за нашиот ContiSportContactTM 5: „Силно се препорачува“
Поврзано со нашиот ContiSportContactTM 5:
+ спортски пневматик со карактеристики на исклучително управување на влажни и на суви површини
+ совршена прецизност со добар одѕив на воланот
+ многу добри резерви на безбедност при хидропланинг
+ мало растојание на запирање на влажни и на суви површини
- поголеми трошоци поради бучава
Пневматиците со перформанси на прилегнување на мокри површини (со класа A или В) имаат помали растојанија на сопирање на мокри патишта и, според тоа, побезбедни се на дожд. Како и во случајот со ефикасноста на горивото, класата D не се користи, а нема планови ни за користење на класата G.
Пневматиците учествуваат со 20% во потрошувачката на вашето возило и затоа, ако сакате да добиете повеќе километри по резервоар гориво, треба да изберете пневматици со високa оцена на ефикасностa на горивото. Исто така, ќе ја намалите емисијата на јаглерод диоксид. При движење на пневматикот се создава отпор на тркалање, односно доаѓа до губење на енергијата. Колку што е помал отпорот на тркалање, толку помалку енергија се губи и толку е помала емисијата на јаглерод диоксид. Разликата меѓу пневматик со оцена A и пневматик со оцена G би можела да биде до 6 литри на 625 милји.
Ова е надворешната бучава што ја прави пневматикот и се мери во децибели. Колку што повеќе се пополнети лентите што се прикажани на ознаката, толку се побучни пневматиците.