Производи за автомобил / комбе / 4 х 4
ContiPremiumContact™ 5 е развиен за да реагира на вашиот стил на возење, овозможувајќи совршено управување и одлично прилегнување на патот.
Со својата новоразвиена технологија пневматикот е развиен лесно да прилегнува на патот и во влажни и во суви услови, со што се добиваат помали растојанија на запирање заради поголема безбедност.
Дизајнот на пневматикот значи забележливо поголема удобност во возењето со совршено управување и унапреден отпор на тркалање, со што се штеди гориво.
Во изданието (08/2015) германското списание Auto Zeitung објави тест за летни пневматици за возила SUV, димензии 215/65 R16 H/V. Тест-возило беше VW Tiguan. Тестот го спроведе списанието Auto Zeitung на теренот за тестирање на Continental во Јувалди, Тексас.
Оцена за ContiPremiumContactTM 5: „Силно се препорачува“
Поврзано со нашиот ContiPremiumContactTM 5:
+ балансиран пневматик
+ ефикасен и безбеден пневматик
Во последното издание украинското списание Avto Centr го објави својот тест за летни пневматици за 2015 година. Тестираниот пневматик имаше димензии 195/65 R15, а тест-возило беше Golf VII. Тестот го спроведе списанието Avto Centr на теренот за тестирање на Nokian во Ивало, Финска.
Оцена за ContiPremiumContactTM 5: „Силно се препорачува“
Поврзано со нашиот ContiPremiumContactTM 5:
+ балансиран пневматик
+ мало растојание на запирање на влажни површини
- хидропланинг по должина
Најголемото финско списание за автомобили Tekniikan Maailma во изданието (6/2015) објави тест за летни пневматици за 2015 година. Тестираниот пневматик имаше димензии 205/55 R16 91V, а тест-возило беше VW Golf VII.
Тестот го спроведе финското списание Test World на теренот за тестирање на Continental во Јувалди, Тексас..
Оцена за ContiPremiumContactTM 5: Победник на тестот
Поврзано со нашиот ContiPremiumContactTM 5:
+ dдобро прилегнување на влажни површини
+ добро прилегнување на суви површини
+ лесно управување во сите услови
- отпор на тркалање
Руското списание Za Rulem го објави својот тест за летни пневматици за 2015 година. Тестираниот пневматик имаше димензии 185/60 R14, а тест-возило беше Lada Priora.
Тестот го спроведе списанието Za Rulem на теренот за тестирање на Auto Vaz во Тољати.
Оцена за ContiPremiumContactTM 5: Победник на тестот
Поврзано со нашиот ContiPremiumContactTM 5:
+ добро прилегнување на сите површини
+ голема брзина при менување на лента
+ високо ниво на удобност
- помали забелешки за управувањето и за стабилноста при возење во екстремни ситуации
Автомобилските клубови ADAC (Германија) / OEAMTC (Австрија) / TCS (Швајцарија) и организацијата на потрошувачи „Stiftung Warentest“ (Германија) објавија тест за летни пневматици за 2015 година на своите интернет-страници (www.adac.de / www.oeamtc.at / www.tcs.ch / www.test.de)
- 185/60 R14 82H
- 205/55 R16 91V
Тестовите беа спроведени на следниве тест-терени:
- Сите критериуми на влажни патишта, потрошувачка на гориво, бучава: Контидром, Јеверсен, Германија.
- Сите критериуми на суви патишта: Бриџстоун, Рим, Италија.
- Километража 185/60 R14: Бриџстоун Веар Машин, Рим, Италија.
- Километража 205/55 R16: ADAC тест за абење Лизберг, Баварија, Германија
- Тест за максимална брзина спроведен од TU: Дармштат, Германија.
Оцена за ContiPremiumContactTM 5: „Добар/Силно се препорачува“ (Победник на тестот)
Поврзано со нашиот ContiPremiumContactTM 5 (произведен во фабриката во Лусадо):
+ добро балансиран пневматик
+ многу добар на влажни патишта
+ најдобар во управување на влажни површини
+ многу добар и на суви патишта
Во изданието (07/2014) Auto Motor und Sport (Германија) објави тест за летни пневматици за 2014 година. Тестираниот пневматик имаше димензии 205/55 R16 V , а тест-возило беше VW Golf VII.
Тестот го спроведе списанието AMS во соработка со Continental во Јувалди/Тексас.
Оцена за ContiPremiumContactTM 5: „Силно се препорачува“ (Победник на тестот)
Поврзано со нашиот ContiPremiumContactTM 5:
+ најдобар во сопирање на суви површини
+ најдобар во сопирање на влажни површини
- прецизност во управување на суви површини
Германските ACE (Auto Club Europa) и GTÜ (Gesellschaft für Technische Überwachung mbH) го објавија својот тест за летни пневматици за 2013 година на своите интернет-страници (www.gtine.de). Пневматикот имаше димензии 195/65 R15 V, а беше тестиран на VW Golf.
Оцена за ContiPremiumContactTM 5: „Силно се препорачува“
Поврзано со нашиот ContiPremiumContactTM 5:
+ многу темпераментно возење (на сите површини)
Германската организација на потрошувачи „Stiftung Warentest“ го објави во изданието својот тест за летни пневматици за 2013 година.
Тестот е заснован врз резултатите од тестот на автомобилските клубови ADAC (Германија), OEAMTC (Австрија) и TCS (Швајцарија) што се објавени претходно.
Оцена за ContiPremiumContactTM 5: „Добар“
Во своето издание (бр. 6, 2013) германското списание Auto Zeitung објави тест за летни пневматици со димензии 215/55 R16 V. Тест-возило беше VW Passat Variant 2.0 TDI.
Оцена за ContiPremiumContactTM 5: „Се препорачува“
Поврзано со нашиот ContiPremiumContactTM 5:
+ добро балансиран пневматик
+ голема безбедност при возење на суви и на влажни површини
+ најдобар отпор на тркалање
Германското списание Auto Bild (Германија) го објави „Супертестот за летни пневматици за 2013 година“. Тестираните димензии беа 195/65 R15 V, а тест-возило беше VW Golf VI.
Ова е специјален тест со учество на 54 производи. Евалуацијата имаше два дела.
Прв дел: суво и влажно сопирање, избор на 15 најдобри производи, наречени „финалисти“.
Втор дел: комплетен тест само за финалистите, вклучувајќи потрошувачка на гориво, километража и категорија на цена.
Оцена за ContiPremiumContactTM 5: „Се препорачува“
Поврзано со нашиот ContiPremiumContactTM 5:
+ стабилност при свртување
+ најдобри перформанси во сопирање на влажни површини
+ балансирано управување на влажни површини
+ мала потрошувачка на гориво
Пневматиците со перформанси на прилегнување на мокри површини (со класа A или В) имаат помали растојанија на сопирање на мокри патишта и, според тоа, побезбедни се на дожд. Како и во случајот со ефикасноста на горивото, класата D не се користи, а нема планови ни за користење на класата G.
Пневматиците учествуваат со 20% во потрошувачката на вашето возило и затоа, ако сакате да добиете повеќе километри по резервоар гориво, треба да изберете пневматици со високa оцена на ефикасностa на горивото. Исто така, ќе ја намалите емисијата на јаглерод диоксид. При движење на пневматикот се создава отпор на тркалање, односно доаѓа до губење на енергијата. Колку што е помал отпорот на тркалање, толку помалку енергија се губи и толку е помала емисијата на јаглерод диоксид. Разликата меѓу пневматик со оцена A и пневматик со оцена G би можела да биде до 6 литри на 625 милји.
Ова е надворешната бучава што ја прави пневматикот и се мери во децибели. Колку што повеќе се пополнети лентите што се прикажани на ознаката, толку се побучни пневматиците.
Ние користиме колачиња за да се осигура дека ви го даваме најдобриот опит на нашата веб страница. Кликните тука за да дознаете нешто повеќе или да ги промените поставките за колачиња.