Исклучителни перформанси на сопирање во влажни и во суви услови.
Жлебовите 3Д ги оптимизираат перформансите на сопирање во влажни и во суви услови. Изедначената дистрибуција на притисокот обезбедува многу мали растојанија на запирање.
Производи за автомобил / комбе / 4 х 4
Жлебовите 3Д ги оптимизираат перформансите на сопирање во влажни и во суви услови. Изедначената дистрибуција на притисокот обезбедува многу мали растојанија на запирање.
Врз основа на зголемениот број блокови на слојот за газење и на отвореното внатрешно раме, растурањето на водата е поефикасно. Правилната тркалезна форма на површините што се во контакт со патот овозможува одлична заштита од аквапланинг.
Асиметричната шара на слојот за газење го вкочанува рамото на пневматикот и дава оптимален контакт со површината.
Auto Bild (издание 10/2011) го објави вториот дел од „Супертест за летни пневматици 2011“.
Тестираната димензија беше 205/55 R16, а тест-возило беше VW Golf.
Оцена за ContiPremiumContactTM 2: „се препорачува“
Поврзано со ContiPremiumContactTM 2:
+ многу добро однесување при возење
+ најмало растојание на запирање на суви и на влажни површини
+ добри перформанси на аквапланинг
- километражата со недостатоци
ACE (Automobil Club Europa) го објави тестот за своите летни пневматици 2011 за димензијата 205/55 R16 V. Тест-возило беше VW Golf VI.
Оцена за ContiPremiumContactTM 2: „Победник на тестот
Поврзано со ContiPremiumContactTM 2:
ContiPremiumContactTM 2 доби врвни оцени во првиот тест за летни пневматици од списанието AutoZeitung (5/2010 издание, февруари 2010). Беше тестирана димензијата 205/55 R16 V. Тест-возило беше Mercedes C-Class.
Оцена за ContiPremiumContactTM 2: „Победник на тестот“
Уредниците на тестот ја пофалија префинетоста на структурата на производот што демонстрира врвно прилегнување и перформанси на безбедно сопирање, како на влажен, така и на сув асфалт. Резимирано, стручњаците ги истакнаа „супериорните особини на влажни површини“ и „врвните перформанси на суви површини“ на овие пневматици на Continental. Уредниците тестираа десет производи со исти димензии 205/55 R 16 V, користејќи комбинирано компакт-возила и патнички возила од средната класа. Конкурентските производи со мал отпор на тркалање уште еднаш покажаа повеќекратна слабост во сопирање на влажни патишта.
Пневматиците со перформанси на прилегнување на мокри површини (со класа A или В) имаат помали растојанија на сопирање на мокри патишта и, според тоа, побезбедни се на дожд. Како и во случајот со ефикасноста на горивото, класата D не се користи, а нема планови ни за користење на класата G.
Пневматиците учествуваат со 20% во потрошувачката на вашето возило и затоа, ако сакате да добиете повеќе километри по резервоар гориво, треба да изберете пневматици со високa оцена на ефикасностa на горивото. Исто така, ќе ја намалите емисијата на јаглерод диоксид. При движење на пневматикот се создава отпор на тркалање, односно доаѓа до губење на енергијата. Колку што е помал отпорот на тркалање, толку помалку енергија се губи и толку е помала емисијата на јаглерод диоксид. Разликата меѓу пневматик со оцена A и пневматик со оцена G би можела да биде до 6 литри на 625 милји.
Ова е надворешната бучава што ја прави пневматикот и се мери во децибели. Колку што повеќе се пополнети лентите што се прикажани на ознаката, толку се побучни пневматиците.