Намалени растојанија на запирање на влажни и на суви патишта.
Асиметричниот дизајн на слојот за газење овозможува оптимален контакт со патот и со тоа ги намалува растојанијата на запирање на влажни и на суви површини.
Производи за автомобил / комбе / 4 х 4
Асиметричниот дизајн на слојот за газење овозможува оптимален контакт со патот и со тоа ги намалува растојанијата на запирање на влажни и на суви површини.
Флексибилната силиконска смеса овозможува силна врска меѓу пневматикот и патот, така што е гарантиран висок степен на тракција на влажни и на суви површини. Рабовите на прилегнување на надворешното рамо на пневматикот овозможуваат дополнителна тракција, особено на влажни свијоци.
Бионичката контура ги намалува деформациите на шарата на слојот за газење кога пневматикот се тркала и со тоа се намалува потрошувачката на гориво, а на пневматикот му се овозможува подолг сервисен век.
Со својот тест за летни пневматици 2008 (05/08) ADACmotorwelt тестираше различни летни пневматици со димензија 175/65 R14 T.
Оцена за ContiEcoContactTM 3: „Силно се препорачува“ (второ место)
Вкупна оцена: „Многу балансиран со најдобри оцени на влажни површини и за бучава, истовремено добар и на суви патишта.“
Пневматиците со перформанси на прилегнување на мокри површини (со класа A или В) имаат помали растојанија на сопирање на мокри патишта и, според тоа, побезбедни се на дожд. Како и во случајот со ефикасноста на горивото, класата D не се користи, а нема планови ни за користење на класата G.
Пневматиците учествуваат со 20% во потрошувачката на вашето возило и затоа, ако сакате да добиете повеќе километри по резервоар гориво, треба да изберете пневматици со високa оцена на ефикасностa на горивото. Исто така, ќе ја намалите емисијата на јаглерод диоксид. При движење на пневматикот се создава отпор на тркалање, односно доаѓа до губење на енергијата. Колку што е помал отпорот на тркалање, толку помалку енергија се губи и толку е помала емисијата на јаглерод диоксид. Разликата меѓу пневматик со оцена A и пневматик со оцена G би можела да биде до 6 литри на 625 милји.
Ова е надворешната бучава што ја прави пневматикот и се мери во децибели. Колку што повеќе се пополнети лентите што се прикажани на ознаката, толку се побучни пневматиците.