Производи за автомобил / комбе / 4 х 4
Шарата на пневматикот не само што овозможува одлично управување и многу добри особини на сопирање на суви површини туку обезбедува и мали растојанија на запирање на влажни површини.
Намалената емисија на бучава гарантира високо ниво на удобност при возење. Дополнително, контурата на пневматикот овозможува изедначена дистрибуција на притисокот на површината на патот, а тоа води кон поголема километража.
Шарата на пневматикот креира одлично прилегнување во полесни off-road услови.
Пневматиците со перформанси на прилегнување на мокри површини (со класа A или В) имаат помали растојанија на сопирање на мокри патишта и, според тоа, побезбедни се на дожд. Како и во случајот со ефикасноста на горивото, класата D не се користи, а нема планови ни за користење на класата G.
Пневматиците учествуваат со 20% во потрошувачката на вашето возило и затоа, ако сакате да добиете повеќе километри по резервоар гориво, треба да изберете пневматици со високa оцена на ефикасностa на горивото. Исто така, ќе ја намалите емисијата на јаглерод диоксид. При движење на пневматикот се создава отпор на тркалање, односно доаѓа до губење на енергијата. Колку што е помал отпорот на тркалање, толку помалку енергија се губи и толку е помала емисијата на јаглерод диоксид. Разликата меѓу пневматик со оцена A и пневматик со оцена G би можела да биде до 6 литри на 625 милји.
Ова е надворешната бучава што ја прави пневматикот и се мери во децибели. Колку што повеќе се пополнети лентите што се прикажани на ознаката, толку се побучни пневматиците.