Одлично управување на патот и во off-road услови.
ContiCrossContact™ LX Sport гарантира унапредено управување на суви површини и подобрен пренос на силата од пневматикот на патот.
Производи за автомобил / комбе / 4 х 4
ContiCrossContact™ LX Sport гарантира унапредено управување на суви површини и подобрен пренос на силата од пневматикот на патот.
Пневматикот се карактеризира со помали растојанија за запирање во влажни услови, како и со унапредена тракција на патот и во off-road услови.
Контурата на пневматикот го оптимизира отпорот на тркалање.
Пневматиците со перформанси на прилегнување на мокри површини (со класа A или В) имаат помали растојанија на сопирање на мокри патишта и, според тоа, побезбедни се на дожд. Како и во случајот со ефикасноста на горивото, класата D не се користи, а нема планови ни за користење на класата G.
Пневматиците учествуваат со 20% во потрошувачката на вашето возило и затоа, ако сакате да добиете повеќе километри по резервоар гориво, треба да изберете пневматици со високa оцена на ефикасностa на горивото. Исто така, ќе ја намалите емисијата на јаглерод диоксид. При движење на пневматикот се создава отпор на тркалање, односно доаѓа до губење на енергијата. Колку што е помал отпорот на тркалање, толку помалку енергија се губи и толку е помала емисијата на јаглерод диоксид. Разликата меѓу пневматик со оцена A и пневматик со оцена G би можела да биде до 6 литри на 625 милји.
Ова е надворешната бучава што ја прави пневматикот и се мери во децибели. Колку што повеќе се пополнети лентите што се прикажани на ознаката, толку се побучни пневматиците.