Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

Continental winter tire expertise

Наша експертиза за зимски пневматици

Ознаки на пневматиците

Ознаки на зимските пневматици

article_66w_image1

Симбол M+S

„Пневматик за снег“ значи пневматик на кој шарата на слојот за газење, составот или структурата на слојот за газење првенствено се дизајнирани така за да може во зимски услови да остварат перформанси што се подобри од перформансите на нормален пневматик во однос на неговата способност за иницирање или за одржување на движењето на возилото.

article_66w_image1

Алпски симбол

„Алпскиот симбол“ ги идентификува зимските пневматици според прописите на UNECE (што важат во ЕУ и во разни други земји) и прописите за пневматици на САД и на Канада. Перформансите на снег на овие зимски пневматици треба да се докажат со објективни тестови и да ги исполнат или да ги надминат дефинираните граници. Овие пневматици обезбедуваат високи перформанси во однос на безбедноста и контролата на снег, на замрзнат пат и, генерално, на ниски температури.

Пневматици за 4x4/SUV за специјални случаи

Повеќе SUV-возила и теренски возила се опремени со пневматици со ознака „M+S“ на бочниот ѕид. Причината за ова е тоа што оваа категорија возила првпат била понудена во Северна Америка каде што се вообичаени пневматици за сите сезони со ознака „M+S“. Во рамките на портфолиото на пневматици на Continental ова, на пример, се однесува на производните линии ContiCrossContact LX, ContiCrossContact LX Sport или Conti4x4Contact.
Ознаката M+S официјално се дефинира во една од директивите на ЕУ како: „пневматик со шара и структура на слојот за газење дизајнирани за подобри перформанси на снег од перформансите на нормален пневматик“. Според тоа, перформансите на пневматиците означени со „M+S“ не се ниту дефинирани ниту измерени.

Перформансите на снег на зимските пневматици се одредени во Северна Америка со таканаречениот „алпски симбол“. Само пневматиците што ги задоволуваат или ги надминуваат овие барања може да го носат „алпскиот симбол“.

Препорака на Continental

Иако пневматиците означени со M+S во некои европски земји законски се сметаат за зимски пневматици, Continental препорачува да се користат зимски пневматици со „алпски симбол“ на бочниот ѕид и длабочина на слојот за газење од најмалку 4 mm во зимски услови.

Ние користиме колачиња за да се осигура дека ви го даваме најдобриот опит на нашата веб страница. Кликните тука за да дознаете нешто повеќе или да ги промените поставките за колачиња.