Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image1_lg

Широки пневматици

Прв избор на водечките производители на возила

Image

Производителите на автомобили користат само врвни пневматици што се во согласност со највисоките стандарди за квалитет. За да се гарантира тоа, тие минуваат низ повеќе од 100 различни тестови. Од максимална брзина до сопирање во влажни и во суви услови, управување, удобност и ниво на бучава, како и измината километража: само ако пневматикот ги исполни условите поставени од производителите на возила, ќе може да се користи за прво вградување. Тоа е единствениот начин да бидете сигурни дека пневматикот одговара на возилото - без разлика дали се работи за спорстско возило или за возило од компактна класа.

Continental е еден од водечките избори на производителите на автомобили во Европа: речиси секое трето возило во Европа се испорачува со пневматици Continental. Преку 500 различни модели возила со тркала со димензии меѓу 13 и 23 инчи, нѐ прават прв избор во Европа за прва монтажа и ја покажуваат довербата што ни ја укажуваат светски водечките производители на автомобили – певматиците Continental ги покажуваат најдобрите одлики при возење на врвно ниво.

Image

Ние користиме колачиња за да се осигура дека ви го даваме најдобриот опит на нашата веб страница. Кликните тука за да дознаете нешто повеќе или да ги промените поставките за колачиња.