Porsche 911 Turbo е легенда на четири тркала, навистина специјален автомобил од апсолутно врвна класа. Секој што сака да примени мерки на оптимизација за ова возило мора точно да знае што прави – па, така тука доаѓа TechArt. На Саемот на автомобили во Женева во 2010 година специјалистите за тунинг од Леонберг ги прикажаа своите сеопфатни програми за приспособување за унапредената моментна верзија на 911 Turbo. Следејќи го ова, остана само уште еден предизвик: подобрување на перформансите на возилата.
И тогаш тука започнува тесната соработка со Continental. Очигледно е дека подобри перформанси на патот се можни само со вистинско ниво на прилегнување. Имено, ангажирањето во новите предизвици во тимската работа претставува двократна забава!
Повеќе сила за Turbo – тоа е она за што е одговорен комплетот на перформанси TechArt TA 097/T2. Модификацијата на моторот суштински вклучи три специјални приспособени компоненти: Спортски филтер за воздух TechArt, повеќекратен издувен комплет TechArt и издувен систем TechArt „Sport“. Модификациите се оптимално усогласени благодарејќи на новиот програмски систем за управување на моторот.
Комплетот перформанси е така проектиран за да ве доведе директно во брзата лента. Унапредениот Porsche 911 Turbo без мака се вбројува во најбрзите возила во светот. Тој ќе ве доведе од нула до 100 km/h за феноменални 2,9 секунди, од 200 km/h ќе запрете за само 6,4 секунди. Максималната брзина, исто така, e сензационална: дури кога ќе достигнете 333 km/h брзиномерот ќе одбие понатаму да се искачува.
Со вакви перформанси потребни ви се навистина специјални пневматици. Оптимално решение за ова е ContiForceContact. Како совршена комбинација за пат и за спортско возење не треба да правите компромиси поврзани со уживањето и со безбедноста во возење при големи брзини. Притоа пневматикот е совршен за секојдневна употреба што значи дека може да се одвезете дома веднаш по трката.
Со Porsche 911 Turbo, TechArt и Continental само покажаа какви перформанси може да постигне автомобилот кога тесно соработуваат тунерот на автомобилот и производителот на пневматици. Резултат е возило што без никакви напори води на патот.
3,8-литарска машина со сензационална 620 коњски сили при 6.400 вртежи во минута, исклучително забрзување и импресивна максимална брзина. Максимално функционалниот квалитет се сретнува со совршенството на занаетот – а резултат се перформанси без конкуренција на секое ниво.