Дали станува збор за smart-BRABUS Ultimate 112 со 112 KS, Viano V8 со 425 KS, GL 63 biturbo со 650 KS, па дури и за Rocket со 800 KS и за неверојатен вртежен момент од 1.100 Nm (електронски запечатен) – секој суперавтомобил BRABUS го одликуваат ултимативни перформанси во неговата класа. Исто така, и нивните сериски тунирани брзи автомобили предводат во тоа што имаат да го понудат производителите на автомобили.
Широк спектар на различни возила, во комбинација со огромно количество генерирана сила и дополнителна опрема што ја унапредува, им се подредуваат на пневматиците што се користат за специјални перформанси и барања за издржливост.
Производните одделенија во рамките на компанијата му овозможуваат на BRABUS да постигне вертикален пробив во овој посебен сектор на индустријата. Квалитетот бара BRABUS да се на својот сопствен развој, компоненти и производи, поставувајќи мерила во автоиндустријата.
Со Continental, BRABUS доби технолошки партнер што поседува голема стручност во производството на спортски производи од врвна класа и страст и компетенција што се однесуваат на технологијата и на перформансите.
Заедно, двете компании ги здружија своите компетенции во развојот и во тестирањето на најновите пневматици Conti SportContact. Цел е да се унапредат технологијата и производството на високи перформанси, со ознака ZRZ (>240 km/h) на премиум пневматиците што секогаш се најмодерни во смисла на прецизноста на управувањето и на карактеристиките на забавувањето. Тоа обезбедува безбедно спортско возење.
Техничкиот напредок се здружи со спаринг-партнерот за максимални брзини и дава корисни влезни податоци на сите нивоа на развојот. Сè ова е постигнато така што да не се загуби од предвид тоа што е заедничка мисија, а тоа се контролирани врвни перформанси во сите области (брзина), независно од категоријата на возилото. Корпоративното партнерство меѓу BRABUS и Continental е исклучително. Резултатите се импресивни. Тоа гарантира дека партнерството ќе продолжи и во иднина, а двете компании склучија договор за партнерство на IAA 2011.