Од нула до 100 km/h за 6,9 секунди, максимална брзина од 235 km/h, 190 KS/140 kW чиста сила и само 99g/km CO2 – дали е тоа можно? Динамичност, максимално уживање во возењето и во исто време помала емисија на јаглероден диоксид е нешто што секој сериски актуелен BMW е во можност да го понуди. А тоа е и вистински предизвик за обновениот тунер на возилата AC Schnitzer со кој се соочи со своето 99d концепт-возило.
Како и секогаш, предизвикот беше да се направи висок степен на спортски перформанси, но истовремено сличен приоритет ѝ беше даден и на друга цел: Да се покаже одговорност за животната средина и, за возврат, да се направи краток преглед како ќе се развиваат трендовите во следните неколку децении.
AC Schnitzer 99d го користи најефикасниот дизел-мотор на BMW, кој во оригинал потекнува од 320d EfficientDynamics edition. Тунерот со седиште во Ахен, едноставно, ги приспособи перформансите зголемувајќи го бројот на оригиналните коњски сили од 163 на 190.
Интелигентно намалување на масата
Возилото е полесно за неверојатни 230 kg – сè благодарејќи на систематичниот концепт на лесна конструкција. Литиум-јонската батерија и материјалите, како јаглерод, магнезиум и титаниум, помогнаа да се постигне драматично намалување на масата. Ниедна серија BMW нема карактеристика на лесно возило!
Револуционерно намалување на масата
Вкупно 35 kg, исто така, се заштедиле кога дошле на ред деловите што се монтираат директно на пневматикот. Материјалите од авиоиндустријата, како и приспособените производи, како што се AC Schnitzer четириклипната врвна лесна опрема за сопирање со системот за отповикување за предната оска и едноделен, многу силен, искован бандаж од типот VIII за тркало со титаниумски шрафови што овозможуваат мала маса и максимална агилност.
И Conti во тимот
Continental BLUECO е специјален концепт на развојот за AC Schnitzer 99d. Овој подобрен ContiSportContact 5P овозможува оптимален отпор на тркалање, моќни особини при свртување и ZR оцена на брзина за повеќе од 240 km/h.
Подобрена аеродинамика, намалена маса, помалку триење – и сè тоа без компромис со уживањето во возењето е тоа што клиентите на AC Schnitzer го ценат повеќе од 20 години. Предизвикот е прифатен и целите мора да се достигнат! Резултатот беше толку успешен што AC Schnitzer мораше да направи ново име за концепт што ја изместува почвата: „Ефикасни перформанси“.
Фокус на суштината, но без правење компромиси со другата опрема: Секако дека 99d е опремен со целосна опрема, како што се воздушни перници и ESC, па сè до мултимедијалното поврзување (на пример, врска на борд-компјутерот со телефонот iPhone).
3,8 литри дизел за повеќе од 100 километри. Тешко за верување, но навистина е така. Штета што овој сон се реализирал само еднаш, со оглед дека концепт-возилото е развиено како показна технологија, а не за продажба.