Првпат основана во дамнешната 1896 година како ковачка работилница, денес тоа е семејна компанија со седиште во Кемптен (Германија), која ја води Ханс-Јирген Абт и која важи за тунер на возила со широки перформанси. Компанија од регионот Алгој e светски лидер во тунирање на возилата од марката Audi, VW, Seat и Škoda. Со многу години искуство во елитниот мотоспорт, АВТ овозможува совршена комбинација на моќност и стабилност за долготрајна возбуда во возењето. Во текот на процесот топ-приоритет на компанијата е да го извлече најдоброто од секое возило – било да се оптимизираат системите за управување со моторот и да се добие поголема сила од АВТ-контролорот на моторот, било со стилско додавање на делови од каросеријата, спортски тркала и издувни системи што му даваат поспортска и подинамична појава на возилото.
АВТ е еден од најуспешните мототимови во Германија. Голем број победи и шампионати го истакнуваат искуството во мотоспортот што го стекнала компанијата. Таа експертиза ѝ овозможува на компанијата АВТ да овозможи динамична забава во возењето што ја зацврстила на германските патишта.
Спортските автомобили на денешнината веќе ги достигнале лимитите во техничка смисла. Кај АВТ сè е врзано за оптимизацијата и за перформансите, како и за овозможување спортска забава во возењето – еден пример е ABT R8 5.2 FSI (со излезна сила од 600 KS), кој на патот донесува сила и држење.
Двете компании тесно соработуваат во развојот и тестирањето на пневматиците за да овозможат тие најдобро да се приспособат кон барањата на релевантните карактеристики на возилата.
Инженерите и техничарите во АВТ и во Continental постојано ги споделуваат своите искуства за да можат заедно да продолжат до совршени карактеристики на пневматиците – сопирање на влажни површини, свртување, прецизност и агилност кога работат блиску до своите граници. На пример, ABT RS3 (470 KS) e способен да достигне максимална брзина од 285 km/h само со Conti SportContact 5P пневматиците.
Заедничките напори и постојаната размена на знаења и на информации меѓу компаниите АВТ и Continental што трае со години, за карактеристиките на пневматиците за возила со високи перформанси постојано се облагородува и фино се дотерува.
Оваа соработка произведе перформанси на пневматици што совршено одговараат на возилата од сите класи и за секоја намена.