Безбедноста и удобноста во возењето се во директна врска со состојбата на пневматиците. Приближно. 40% од сите ненадејни дефекти на пневматиците се последица на ненадувани пневматици.
Системот развиен во Continental постојано го следи притисокот во пневматикот и сигурно го предупредува возачот во случај ако се губи притисокот.
На овој начин нашиот електронски систем на информации за пневматикот помага да се отстрани честата причина за несреќи и ја унапредува безбедноста на возењето. Покрај тоа, тие ги намалуваат емисијата на јаглероден диоксид и потрошувачката на гориво.
Ако пневматиците на автомобилот не се доволно надувани за само 0,3 бара, возилото ќе троши 1,5 проценти повеќе гориво и во согласност со тоа ќе емитува поголемо количество јаглероден диоксид.
Европската комисија донесе закон со кој се бара систем за следење на притисокот во пневматиците на сите нови модели од 2012 година и на сите нови возила од 2014 година – како што тоа веќе е случај во САД. Голем број возила веќе го имаат вклучено системот за следење на притисокот во пневматиците како стандардна опрема. Податоците на овие системи се достапни и во другите системи – на пример, системот за сопирање.

Детални информации за нашите решенија за следење на притисокот во пневматиците може да најдете овде.