CSR e иновативно развојно достигнување што обезбедува мобилност на возилото во случај ако се дупне пневматикот.
CSR e иновативно развојно достигнување што обезбедува мобилност на возилото во случај ако се дупне пневматикот.
Принципот што е зад CSR е едноставен: лесен прстен од не´рѓосувачки челик (1) со флексибилна поддршка (2) се монтира на стандарден пневматик со стандарден бандаж.
CSR е посебно развиен за стандардни бандажи и стандардни пневматици со поголеми бочни ѕидови и поголеми профили.
Со оглед дела CSR овозможува добра удобност во возењето, возачите тешко го забележуваат евентуалното губење на притисокот во пневматиците во случај на издишување; за да се зголемат безбедноста во случај на издишување и перформансите во текот на нормално возење, CSR-системот е секогаш опремен заедно со системот за предупредување за намалување на притисокот - или TPMS (Tire Pressure Monitoring System) или DDS (Deflation Detection System), секако двата развиени во Continental.
ContiSupportRing, како и системите за предупредување за намалување на притисокот TPMS/DDS се ексклузивно инсталирани при прво вградување.
Производителот на пневматици Continental AG e награден на „Stahl-Innovationspreis 2006“ во категоријата производи од челик. Наградата е доделена за системот ContiSupportRing runflat.