Сите продадени пневматици во Европската Унија подлежат на задолжително означување на пневматиците. Новата шема за означување на ЕУ на пневматиците – во сила од 1 мај 2021 година – дава посеопфатни информации за избраните пневматици и ги опфаќа и пневматиците за тешки возила. Таа дава објективни, сигурни и споредливи информации врз основа на трите важни карактеристики на перформансите на пневматиците: отпор при тркалање, а со тоа и ефикасност на горивото, прилегнување во влажни услови и надворешна бучава при тркалање. На дополнителните пиктограми се укажува на соодветноста на пневматикот за остри услови на снег (симбол 3PMSF) и/или неговото прилегнување во услови на мраз, но второто важи само за патнички автомобили.
Новата шема за означување ги опфаќа пневматиците за патнички автомобили, автобуси и за камиони. За дополнителни детали за новиот пропис за ознаки на ЕУ на пневматиците посетете ја официјалната веб-страница на Европската комисија.
Разбирањето на ознаката на ЕУ и на нејзините пиктограми им помага на возачите или на менаџерите на возни паркови да донесат информирани одлуки за безбедноста на патот поврзана со пневматиците, за пониски емисии на CO2 и за поголема економичност на горивото.
Имајте предвид дека заштедите на горивото и безбедноста на патот во голема мера зависат од условите на патот и временските услови, видот возило и особено од начинот на возење.
Ознаката на пневматиците содржи лесно разбирливи пиктограми што даваат информации за следниве три суштински аспекти на перформансите на пневматикот.
Прилегнување во влажни услови за безбедност на патот
Сигурното прилегнување во влажни услови е од клучно значење за безбедно возење. Рејтингот на прилегнување во влажни услови укажува колку добри перформанси ќе има пневматикот во влажни услови, при што перформансите се рангираат од класа А надолу до класа Е. Високата оцена А значи мали растојанија на сопирање на влажни патишта.
Ефикасност на горивото
Во зависност од отпорот при тркалање на пневматикот, неговата ефикасност на горивото ќе се рангира од класа А (што означува најдобра економичност на горивото) надолу до класа Е. Потрошувачката на гориво има значајна улога од економска и од еколошка гледна точка. Причината за тоа е што малата потрошувачка на гориво има позитивно влијание врз јаглеродниот отпечаток на возилото, особено на тешките возила.
Ниво на бучава - АВС ги заменуваат звучните бранови
Тоа е надворешната бучава при тркалање што ја прави пневматикот, а се мери во децибели. На ознаката е прикажано нивото на бучава рангирано од класа А надолу до класа С.
Пиктограми за остри услови на снег (3PMSF) и прилегнување во услови на мраз
Освен стандардната ознака, постојат и пиктограми − ако е применливо − во врска со перформансите во остри услови на снег (3PMSF) и/или на прилегнување во услови на мраз (само за пневматици за патнички автомобили/С1).
Пиктограмите за прилегнување на снег (3PMSF) ќе бидат прикажани на зимските пневматици и на пневматиците за сите сезони што се тестирани под утврдени зимски услови и ги имаат бараните перформанси за остри услови на снег.
Пиктограмот за прилегнување на мраз ќе биде прикажан на зимските пневматици со исклучителни перформанси на мраз што се потврдени со утврден тест за прилегнување на мраз. Овие пневматици се посебно дизајнирани за површини на пат покриени со мраз и со компактен снег и исклучително треба да се користат во многу остри климатски услови (на пример, студени температури во нордиските земји). Користењето пневматици со прилегнување на мраз во помалку остри услови (на пример, во влажни услови или на потопли зимски температури) би можело да резултира со перформанси под оптималните, особено за прилегнување во влажни услови, управување и абење.
Додека пневматиците ротираат, тие цело време ја допираат, а потоа се одделуваат од површината на патот, што доведува до губење на енергија. Количеството загубена енергија е во корелација со отпорот на пневматикот при тркалање.
Пневматиците со мал отпор при тркалање се енергетски најефикасни. Тоа значи дека за движење на возилото е потребно помалку енергија, а според тоа и помалку гориво.
Бидејќи пневматиците учествуваат со 20 % до 30 % во потрошувачката на горивото на возилото, изборот на нови пневматици што се енергетски ефикасни ќе има како последица директни заштеди на гориво.
За подобра ефикасност на горивото и поголема безбедност на патот размислете за следниве фактори: