Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image

Медија сервиси

Со Continental соништата стануваат опипливи

09/07/2019
20_CONTINENTAL_BC_PR_porocilo_1800x945

Со Continental соништата стануваат опипливи


Кон крајот на мај  Continental однесе 16 среќни добитници од осум држави од регионот Адрија на незаборавно четиридневно искуство во Прованса, каде што ги пробаа пневматиците Continental со мешавината за гуми Black Chili.

Меѓу повеќе од 12.000 учесници во интерактивниот награден квиз, избраните 8 среќни добитници добија единствена можност да поканат уште некој и со тоа и самите некому да му остварат сон.

 

Во четвртокот, на 23 мај, започна авантурата. По летот во Франција, кога победниците сѐ уште не знаеја што точно да очекуваат, нивните соништа станаа уште поопипливи. Се запознаа со автомобилите и со технологиите што се грижат за нивната подобрена безбедност во сообраќајот и добија воведни информации за текот на настанот. По ноќта полна очекувања, следуваше хармонија на чувства што уште долго ќе одѕвонува во нив. Опремени само со мапа со обележана патека, зад воланот на престижните автомобили, опремени со најдобрите пневматици Continental, го почнаа патувањето по живописната покраина.

 

Како што резимираа самите наградени, такви палети на неописливи чувства не си замислувале ниту во соништата. „Не може да се опише, тоа мора да го доживееш!“, рекоа тие. Од самиот почеток до крајот беа згрижени: од престижното сместување и француската кујна до пријателските дружења со сите учесници и, пред сѐ, она неописливо чувство, кога стартуваш спортски автомобил покрај кањонот на реката и го слушаш ехото на моторот што го создава прекрасната покраина околу тебе.

 

Четири дена наградените уживаа во развојот и во иновативноста на Continental додека ги истражуваа кривините на Прованса со врвната опрема на пневматиците со високи перформанси Continental, со мешавината за гуми Black Chili, која е резултат на долгогодишни истражувања, обезбедувајќи подобро прилепување и пократко растојание на сопирање, како на влажни, така и на суви патишта.

 

Пневматиците ContiSportContact 5, ContiSportContact 5P и SportContact 6 се дел од оригиналната опрема на автомобилите, кои беа движечка сила на настанот. Тоа се: Porsche Boxster 718, Mercedes C43 AMG, Audi RS3, BMW M240i, Jaguar I-PACE и Ford Mustang GT. Покрај пневматиците, сите возила беа опремени со куп други компоненти што ги произведува Continental. Технолошкиот гигант од Хановер, Германија, кој во 2021 година ќе ја слави 150-годишнината од своето постоење, е еден од водечките светски набавувачи во автомобилската индустрија. 

Black Chili Driving experience

Почеток
Контакт
press_contact_image_sidebar_luka_maselj
Luka Maselj

PR & Marketing communications B2C

Continental Adria pnevmatike d.o.o.
Zagrebška cesta 104
2000 Maribor
Slovenia

+386 24 50 34 48

+386 24 50 34 39

Ние користиме колачиња за да се осигура дека ви го даваме најдобриот опит на нашата веб страница. Кликните тука за да дознаете нешто повеќе или да ги промените поставките за колачиња.