Хановер, 14 ноември 2019 година Пневматиците Continental ќе бидат фабрички монтирани на неодамна презентираниот Volkswagen ID.3. Volkswagen даде одобренија за летни и за зимски пневматици со бандажи од 18 и 19 инчи. Летниот пневматик EcoContact 6 и зимскиот специјализиран пневматик WinterContact TS 850 P се така адаптирани за да одговорат на барањата на ID.3. Како електрично возило, ID.3 ќе вози на пневматици со низок отпор на тркалање што штедат енергија за да се овозможи максимален можен опсег меѓу полнењата; со мала бучава при контактот на пневматикот со патот заради комфор на патникот; и со аеродинамичен дизајн на страничниот ѕид за да се минимизира аеродинамичниот отпор на возилото. И летните и зимските пневматици се карактеризираат со технологијата ContiSeal. ContiSeal автоматски и сигурно ги затвора дупките во слојот за газење на пневматикот со пречник до пет милиметри, со што се елиминираат приближно 90 отсто од сите дупки. Исто така, Continental Corporation го испорачува серверот на возилото што обезбедува поврзаност за електричните ID. модели на Volkswagen.
© Volkswagen AG