Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image

Медија сервиси

Continental повторно со врвни резултати на тестот за зимски пневматици

08/10/2018
WinterContact™ TS 860

Continental повторно со врвни резултати на тестот за зимски пневматици

  • Од своето деби на тестовите во 2016 година, зимскиот пневматик на Continental WinterContact TS 860 добива пофалби за неговите севкупни перформанси во серија најценети независни тестови за пневматици, вклучително и тестот за зимски пневматици ADAC.


Испитувајќи ги пневматиците во однос на нивните перформанси, квалитет, безбедност и пожелност, независните тестови им нудат на ентузијастите на возењето детални сознанија при изборот на следниот производ за купување за зимската сезона.

Пневматикот TS 860, меѓу другото, се здоби со врвна севкупна позиција во следниве тестови: ADAC, ÖAMTC, TCS, AMZS, HAK (автомобилски клубови на соодветните земји – Германија, Австрија, Швајцарија, Словенија, Хрватска), ACE (Автомобилски клуб Европа), GTÜ (најголема официјално признаена инспекциска организација на слободни инспектори на возила на Германија), Auto motor und sport (германско списание со франшизи низ цела Европа), Auto Express (британско списание) и многу други. Ова е во согласност со резултатите од претходните години кога овој пневматик веќе покажа врвни резултати на тестовите. Во сите тестирани димензии се остварени врвни резултати.

„Убедлив сеопфатен талент со добри зимски својства“, „Голема прецизност на управување и динамично управување на снежни патишта“, „Најдобар за управување на снег, сопирање на влажни патишта и управување на суви патишта“, „Исклучителни перформанси на влажни патишта“ и „Совршено изработен за возила EPS“ се само некои забелешки што испитувачите им ги дале на пневматиците.

Сите овие добитни карактеристики на тестовите за пневматици се овозможени со комбинацијата на соединението на слојот за газење што е водечки на пазарот со новоразвиената шара на слојот за газење. Соединението Cool Chili содржи голем дел силициум диоксид што ги намалува растојанијата при сопирање на мокри патишта поради неговите специјални придушувачки карактеристики. Исто така, нови се и специјалните смоли со високи перформанси што ја одржуваат флексибилноста на соединението дури и на ниски зимски температури, што доведува до пократки растојанија при сопирање на повеќе зимски површини.

Со вградување на дополнителен канал за одвод излиен во блокот на слојот за газење, системот за одвод Liquid Layer Drainage овозможува водата да се исфрла побрзо од порано, намалувајќи ги расојанијата на сопирање на замрзнати патишта. Насочувачкиот слој за газење во форма на V е технологијата SnowCurve со нејзината 3D ѕидна структура на жлебовите со висок степен на прилегнување. Со дополнителниот жлеб во ѕидот на блоковите на слојот за газење подобрен е ефектот на поврзување со компримираниот снег и се овозможува подобро прилегнување и подобра тракција на патиштата покриени со снег.

Зимите во нашиот дел од Европа, главно, се студени и влажни, со голем број дождливи денови и непредвидливо количество снег. Најмалку секоја четврта сообраќајна незгода со повреди е предизвикана од лизгави замрзнати патишта и според тоа, секако е од огромно значење да гледате сериозно на вашата безбедност на патиштата. Continental е посветен на тоа патиштата да станат побезбедно место и со помош на неговата корпоративна стратегија Vision Zero. Со неа Continental, единствен производител на пневматици со стручност за автомобили, од педалот на сопирачката до единствениот контакт со површината на која се вози, има цел да ги намали смртните случаи, повредите и несреќите преку иновации и технолошки унапредувања.

WinterContact TS 860 е достапен во повеќе различни димензии со големина до 17 инчи, при што Continental нуди и два големи зимски пневматика за поголеми и поспортски возила. Исто како и TS 860, WinterContact TS 850 P (перформанси) и неодамна пуштениот на пазар WinterContact TS 860 S (спорт) се со големини до 22 инча.

Контакт
press_contact_image_sidebar_luka_maselj
Luka Maselj

PR & Marketing communications B2C

Continental Adria pnevmatike d.o.o.
Zagrebška cesta 104
2000 Maribor
Slovenia

+386 24 50 34 48

+386 24 50 34 39

Ние користиме колачиња за да се осигура дека ви го даваме најдобриот опит на нашата веб страница. Кликните тука за да дознаете нешто повеќе или да ги промените поставките за колачиња.