Како поинаку да ја прослави водечката улога во автомобилската индустрија, ако не со остварување на соништата на автомобилските ентузијасти? Continental ќе ја одведе групата среќни добитници од регионот Адрија, кои учествуваа во наградниот квиз и го убедија жирито, на незаборавно четиридневно искуство во Прованса, каде што ќе ги пробаат пневматиците Continental со комбинација за гуми Black Chili.
Во интерактивниот награден веб-квиз учествуваа повеќе од 12.000 луѓе од осум држави. Секој од нив, гледајќи ги атрактивните снимки од минатогодишното искуство Black Chili, се соочи со прашања за безбедното спортско возење, за трговската марка Continental и за пневматиците. Оние што со својата страст и со личното образложување го убедија жирито во тоа зошто токму тие би требало да бидат дел од ова незаборавно искуство, се вброија меѓу финалистите. Секој од финалистите доби единствена можност да покани уште некој на ова искуство. Со сите нив жирито направи кратко интервју и ги избра победниците што веќе со нетрпение го чекаат 23 мај, кога ќе започне авантурата.
Од Северна Македонија на Black Chili Driving Experience заминуваат Љупчо Антовски и Марија Антовски.
И што ги чека наградените?
Со авион ќе заминат за Франција, каде што ќе бидат сместени во престижен хотел, ќе се запознаат со француската кујна, ќе уживаат во убавините на Прованса и ќе доживеат незаборавни чувства зад воланот на престижните спортски автомобили.
Секако сѐ ќе се врти околу пневматиците Continental, а победниците подобро ќе ја запознаат комбинацијата за гуми Black Chili, која е резултат на долгогодишни истражувања, иновации и развој и која обезбедува подобро прилепување и пократко растојание на сопирање, како на влажни, така и суви патишта. Пневматиците ContiSportContact 5, ContiSportContact 5P и SportContact 6 се дел од оригиналната опрема на автомобилите што ќе бидат движечка сила на настанот и кои ќе имаат можност да ги возат наградените. Тоа се: Porsche Boxster 718, Mercedes C43 AMG, Audi RS3, BMW M240i, Jaguar I-PACE и Ford Mustang GT.
Значи, ги чека целосна комбинација на бензински испарувања, врвна „кулинарика“ и безбедни искуства на живописните патишта на Прованса зад воланот на престижни