Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image

Медија сервиси

Continental е „Производител на пневматици на годината“ 2022

20/05/2022


  • Компанијата Continental е добитник на наградата „Производител на пневматици на годината“ за нејзината постојана посветеност на иновации осмислени со цел подобрување на производствената технологија и одржливост
  • Меѓународните награди за иновации и извонредност во областа на технологијата на пневматици беа доделени во текот на Саемот на технологијата на пневматици во Хановер. 

Хановер, Германија, 20 мај 2022 година. Компанијата Continental е добитник на наградата „Производител на пневматици на годината“ што ја доделува меѓународното трговско списание Tire Technology International (TTI). Наградите на TTI за иновации и извонредност се сметаат за најзначајни награди во индустријата и ги признаваат најновиот развој и напредоците во технологијата на пневматици во светот. Критериумите за годинашниот избор повторно се фокусираат на технолошките иновации за натамошно подобрување на безбедноста и одржливоста – а наградите ги додели меѓународно жири составено од повеќе од 20 новинари и водечки експерти од индустријата за пневматици.

Бернд Корте, потпретседател на Развој и индустријализација на платформи во Continental


Мат Рос, главен уредник во Tire Technology International, коментирајќи за добивањето на наградата изјави: „Производител на пневматици на годината традиционално е категорија за која се води тесна борба. Вистинско задоволство е да се види како Continental третпат ја добива наградата, особено на свој терен. Жирито беше импресионирано од бројот на достигнувањата на компанијата во изминатава година, вклучително и ContiRe.Tex, втората генерација на пневматикот Extreme E, голем број соработки во истражувањата и пневматикот Conti GreenConcept – да именуваме само некои од нивните достигнувања. Посветеноста на Continental на иновациите и одржливоста ја прави компанијата многу значаен добитник.“

Бернд Корте, потпретседател на Развој и индустријализација на платформи во Continental Tires, кој беше таму за да ја прими наградата, рече: „Почестени сме со добивањето на годинашнава награда 'Производител на пневматици на годината'. Таа нѐ мотивира да продолжиме по патот што го избравме – постојано да инвестираме во развојот на нашите пневматици и да дадеме значаен придонес во економичната и еколошката мобилност“.

Во 2022 година Continental третпат ја доби престижната награда Производител на пневматици на годината во изминативе осум години – што укажува на посебната посветеност на компанијата на водечките технолошки иновации на пазарот, во чиј фокус се безбедноста и одржливоста. Производителот на премиум пневматици неодамна ја покажа својата иновативна сила воведувајќи ја технологијата ContiRe.Tex. Посебно усовршената технологија за поголема одржливост беше воведена во производството за само неколку

месеци. Таа ѝ овозможува на компанијата целосно да ја замени конвенционалната полиестерска преѓа во трупот на пневматикот со рециклирана преѓа добиена од преработени PET шишиња. Технологијата е многу поефикасна од другите стандардни методи за преработка на PET шишиња во полиестерска преѓа со високи перформанси. Шишињата што се користат за технологијата се собираат исклучително од региони каде што не постои процес на рециклажа во затворен циклус. Технологијата ContiRe.Tex го носи Continental еден чекор подалеку кон тоа да стане најпрогресивна компанија за пневматици од аспект на еколошката и социјалната одговорност.



Контакт
press_contact_image_sidebar_luka_maselj
Luka Maselj

PR & Marketing communications B2C

Continental Adria pnevmatike d.o.o.
Zagrebška cesta 104
2000 Maribor
Slovenia

+386 24 50 34 48

+386 24 50 34 39