Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image

Медија сервиси

Нова ознака на ЕУ на пневматиците дизајнирана да им даде повеќе информации на потрошувачите

19/01/2021
  • Дизајн на новата ознака со појасна класификација за сопирање, отпорност при тркалање и бучава
  • Информации на ознаката на ЕУ за секој пневматик може да се побараат со кодот QR
  • • Нови пиктограми за различни видови зимски пневматици

Хановер, 19 јануари 2021 година

Во мај 2021 година ќе биде воведена нова ознака на ЕУ на пневматиците што ќе им дава на потрошувачите посеопфатни информации за карактеристиките на избраните пневматици. На новата ознака се реструктуирани класите отпорност при тркалање и перформанси на сопирање, а на перформансите на бучавата сега укажува бројот на децибели и буквата А, В или С. Крајните корисници може да пристапат до дополнителни информации за нивниот избран пневматик во базата на податоци на ЕУ, со скенирање на кодот QR на ознаката. Уште една нова карактеристика се однесува на два пиктограма што укажуваат дали ова е пневматик за автомобил со прилегнување на снег што соодветствува на стандардите за одобрување на пневматици во ЕУ, познат и како тест на снегулка, и/или е пневматик без шилци што овозможува прилегнување на мраз во согласност со новиот ISO стандард. Од мај 2021 година информациите на ознаката на ЕУ на пневматици мора да бидат достапни и за пневматици за тешки комерцијални возила (класа С3).

На новата ознака класите од А до С остануваат непроменети. За пневматиците C1 и C2, за автомобили, односно за ванови, пневматиците што претходно биле во класата Е за отпорност при тркалање и прилегнување на влажни патишта сега ќе бидат доделени во класата D, која претходно била празна, а пневматиците што претходно биле во класите  F и G ќе бидат доделени во класата E. На овој начин ознаката е појасна и полесно се толкува.

Натамошни информации за секој пневматик потрошувачите може да преземат со скенирање на кодот QR што се појавува во горниот десен агол од ознаката на пневматикот. Кодот QR дава врска со базата на податоци на Европскиот регистар на производи за енергетско означување (EPREL), која содржи информативен лист за производот. Во неа се содржани сите вредности на ознаката за конкретниот пневматик, како и почеток и крај на производството за соодветниот модел. Сите листови со информации за производите се внесуваат во базата на податоци EPREL индивидуално од производителот на пневматиците и, како и во минатото, доделувањето на соодветна класа ознаки, исто така, го врши соодветниот производител.

Новата ознака на ЕУ за пневматици е дизајнирана да им помогне на потрошувачите да изберат поефикасни пневматици од аспект на горивото, а истовремено добиваат информации и за растојанијата за сопирање. За крајните корисници, како и за комерцијалните оператори, изборот на пневматици со помала отпорност на тркалање може да доведе до значителни заштеди во однос на трошоците за гориво, како и пониски емисии. Јасните информации за прилегнување на влажни патишта може да овозможат поголема безбедност во сообраќајот, а информациите за бучавата при поминување имаат цел да го намалат загадувањето со бучава што го создава патниот сообраќај.

Continental, како експерт за пневматици, исто така, им помага на комерцијалните партнери на пазарот да го добијат најдобриот можен увид во светот на пневматиците. Со споделувањето не само на информации туку и на know-how и експертиза, компанијата базирана врз технологијата со седиште во Германија, најпозната по своите премиум пневматици, е сигурен партнер на пазарот. За новата ЕУ-ознака за пневматици компанијата, меѓу другото, изработила и наменска рекламна страница со сите дополнителни информации.

 

За пристап до овие информации, ве молиме посетете

https://www.continental.mk/avtomobil/tires/pnevmatici-za-novi-znaci-na-eu

Контакт
press_contact_image_sidebar_luka_maselj
Luka Maselj

PR & Marketing communications B2C

Continental Adria pnevmatike d.o.o.
Zagrebška cesta 104
2000 Maribor
Slovenia

+386 24 50 34 48

+386 24 50 34 39