Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image

Медија сервиси

Continental овозможува рециклираните PET шишиња да се користат во производството на пневматици од 2022 година

03/08/2021
Dr Andreas Topp

Д-р Андреас Топ, директор за материјали, развој на процесот и индустријализација во делот за пневматици во Continental.

  • Технологијата за рециклирање на PET шишиња за производство на пневматици се развиваше заедно со специјализираниот производител на влакна OTIZ, Oriental Industries (Suzhou) Ltd.
  • Повторната обработка за високите механички барања во производството на пневматици се извршува без посредни хемиски постапки. Секундарната суровина има еднакво висок квалитет како и оригиналниот PET
  • Циркуларната економија е интегрален дел од стратегијата за одржливост на Continental


Хановер, Германија, 3 август 2021 година. Од 2022 година во своето производство на пневматици Continental ќе овозможи да се користи преработен полиестер добиен од рециклирани пластични шишиња. Новото влакно од одржлив полиестер ќе се добива од шишиња од полиетилен терефталат (PET) со механички процес и ќе се користи во изградба на телото на пневматикот. Тој целосно може да го замени конвенционалниот полиестер. Заедно со својот кооперативен партнер и испорачувач OTIZ, производител на текстил специјализиран за влакна, производителот на премиум пневматици усоврши посебна технологија за рециклирање на PET шишиња без претходна потреба од посредни хемиски постапки, со цел полиестерското влакно да биде функционално за високите механички барања на пневматикот. Во текот на таканареченото апциклирање (upcycling), PET шишето станува PET материјал со високи перформанси.

„Уште на почетокот на 2022 година во производството на пневматици ќе бидеме во можност да користиме материјал добиен од рециклирани PET шишиња. Во нашиот иновативен процес на рециклирање, влакната се предат од рециклиран PET и не мора однапред да се прекинува материјалот низ неговите компоненти“, вели д-р Андреас Топ, кој е одговорен за материјалите, развојот на процесот и индустријализацијата во делот на пневматиците на Continental. Тој додава: „Веќе на IAA MOBILITY во Минхен оваа година ќе го претставиме пневматикот со висок иновативен концепт, со полиестерско влакно добиено од рециклирани PET шишиња. Со користење на рециклираното полиестерско влакно преземаме уште еден важен чекор во насока на циркуларна економија низ производи.“

Tire Production_recycled PET bottles

Од 2022 година Continental ќе овозможи во неговото производство на пневматици да се користат рециклирани PET шишиња.

Dr Derren Huang

Д-р Дерен Хуанг, раководител на истражување и развој во OTIZ.

Како дел од процесот на рециклирање, шишињата прво се сортираат, се отстрануваат капачињата и на крајот механички се чистат. По механичкото сечкање, тие се топат и се гранулираат; тоа е следено со полимеризација во цврста состојба и модифициран процес на предење. „Нашиот модифициран процес на производство ни овозможува да добиеме полиестерско влакно за производство на пневматици од PET шишиња без каков било процес на полимеризација од мономери“, објаснува д-р Дерен Хуанг, раководител на истражување и развој во OTIZ.

Лабораториските тестови и тестовите на пневматиците што се спроведени од Continental покажале дека влакната од секундарна суровина имаат исти перформанси како и влакната што досега се користеле. Тие имаат ист квалитет како оригиналните PET влакна, исто толку се стабилни и особено соодветствуваат за пневматици поради нивната јачина во однос на прекинувањето, цврстината и термичката стабилност.

Конвенционалниот PET веќе долго време се користи како материјал за производство на автомобилски пневматици поради тоа што ја задржува формата дури и под голем товар или високи температури и со тоа осигурува безбедност при секоја брзина на возење. Користење на значајните ресурси од рециклирани PET конзерви во производството на пневматици: денес еден пневматик за конвенционален патнички автомобил содржи околу 400 грама полиестерско влакно. Тоа значи дека во иднина за цел комплет пневматици за возило може да се користат повеќе од 60 рециклирани РЕТ шишиња. 

© OTIZ, Oriental Industries (Suzhou) Ltd. OTIZ, Oriental Industries (Suzhou) Ltd

Лабораториските тестови и тестовите на пневматиците што се спроведени од Continental покажале дека влакната од секундарна суровина имаат исти перформанси како и влакната што досега се користеле.© OTIZ, Oriental Industries (Suzhou) Ltd.

Claus Petschick

Клаус Петчик, директор за одржливост во пневматици.

Циркуларната економија е интегрален дел од стратегијата за одржливост на Continental

Рециклирањето станува сѐ позначајно во дизајнирањето, развојот и во производството на премиум пневматици. Најдоцна до 2050 година Continental има цел последователно да користи 100 отсто одржливи произведени материјали во своите пневматици. Со користењето на рециклиран РЕТ, производителот на пневматици успева да преземе натамошен чекор кон циркуларна економија.

„За нас, отпадот е производствен материјал на иднината бидејќи моделот на иднината го гледаме во циркуларната економија. Посветеноста на Continental на активното обликување и предводење на оваа трансформација ни нуди директен почеток за нашето идно деловно работење и со тоа на нашата идна одржливост“, вели Клаус Петчик, директор за одржливост во делот за пневматици на Continental. „Нашата амбиција е јасна: Најдоцна до 2050 година сакаме целосно да ги затвориме нашите циклуси на производи и ресурси, заедно со партнерите и испорачувачите.“

Контакт
press_contact_image_sidebar_luka_maselj
Luka Maselj

PR & Marketing communications B2C

Continental Adria pnevmatike d.o.o.
Zagrebška cesta 104
2000 Maribor
Slovenia

+386 24 50 34 48

+386 24 50 34 39