Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image

Медија сервиси

Значаен двоен настан: Continental ги претставува WinterContact TS 870 и WinterContact TS 870 P

03/05/2021
  • Поиновативни: подобрено соединение Cool Chili и нов дизајн на шарата на слојот за газење
  • Побезбедни: исклучителни перформанси во зима и одлични карактеристики за влажно време
  • Поодржливи: помал отпор при тркалање и забележливо зголемување на километражата

Хановер, Германија, 3 мај 2021 година. Со оглед на промените на параметрите во однос на перформансите на современите автомобилски пневматици во последниве години, може да ви се прости ако сте претпоставиле дека има малку простор за натамошно подобрување. Сепак, WinterContact TS 870 и WinterContact TS 870 P на Continental го докажуваат токму спротивното: Сѐ уште има простор за квантни скокови во технологијата на пневматиците. 

Continental_PP_Wintercontact_TS870_1

The WinterContact TS 870 е наследник на докажаниот пневматик WinterContact TS 860, многу фален од комерцијалниот печат и ги следи неговите стапки комбинирајќи ги исклучителните перформанси во зимски услови со извонредните карактеристики за влажно време.

WinterContact TS 870 − за автомобили до средна големина

Наследникот на докажаниот пневматик WinterContact TS 860, многу фален од комерцијалниот печат, ги следи неговите стапки со комбинирање на исклучителните перформанси во зимски услови со извонредните карактеристики за влажно време и со истовремено претставување на еколошките својства – на пример, дополнително намалување на отпорот при тркалање и зголемување на километражата. Значи, WinterContact TS 870 е сосема нов производ, од темел развиен од аспект на конструкцијата, дизајнот на шарата на слојот за газење и соединението. Резултатот е модел што, во директна споредба, има три проценти помала должина на сопирање на мраз и пет проценти подобро управување на снег.

Новиот WinterContact TS 870, исто така, нуди подобро прилегнување на снег, подобрени својства во влажни временски услови и подобрено управување на суви патишта. Со оглед на конфликтните цели со кои редовно се соочуваат развојните инженери од аспект на својствата што се релевантни за безбедноста наспроти перформансите во однос на животната средина, направениот напредок во двете области е впечатлив: Зголемувањето на километражата од десет отсто е следено со намалување на отпорот при тркалање од два отсто.

Како резултат на тоа, овој нов пневматик повторно покажува исклучително балансирани перформанси во сите дисциплини што крајните корисници веќе долго ги очекуваат од зимските пневматици на Continental. Дополнителното прилегнување на снег го обезбедуваат новите усовршени 3Д-жлебови за блокирање што се поставени во најдобар можен агол за справување со снегот. Како што блоковите на слојот за газење навлегуваат подлабоко во снегот, така тие може поефективно да се поврзат и да овозможат дополнително прилегнување. Дополнителна безбедност даваат длабоките жлебови, организирани паралелно со дијагоналните отвори. Овие жлебови имаат голем број рабови што им овозможува на динамичките сили поефективно пренесување и добро прилегнување на прав пат и при возење во кривини на патишта покриени со снег. 

Continental_PP_Wintercontact_TS870_3 Kopie

WinterContact TS 870 е изработен за модели, како што се VW up!, VW Golf и Citroën C4. И поскапите автомобили, вклучително и BMW 1 Series и 3 Series, ќе возат безбедно во студената сезона со овој нов зимски пневматик на Continental.

За развојните инженери, една од предностите на овој дизајн беше дека тој им овозможил да креираат дури и поголеми џебови за снег во слојот за газење. Тие се полнат со снег и овозможуваат дури и подобро прилегнување. Едноставно кажано, најдобро прилегнување на снег не се овозможува со поврзување на делот за контакт на пневматикот со патот прекриен со снег, туку со поврзување на снег со снег. Снегот навлегува во жлебовите во слојот за газење каде што се набива. Потоа овој набиен снег во пневматиците се поврзува со снегот на патот. Колку што жлебовите во слојот за газење подобро го задржуваат набиениот снег, толку прилегнувањето е подобро. Тука Continental ја користи технологијата SnowCurve+. Пневматиците со оваа технологија имаат посебна структура на ѕидот со жлебови што се поврзува со набиениот снег на повеќе од 1.000 точки на слојот за газење. На тој начин се овозможува подобро прилегнување и подобар пренос на силите на сопирање – особено при возење во кривини.

За натамошно намалување на должините при сопирање на лизгави зимски патишта, Continental го зголеми бројот на блоковите на слојот за газење во делот за контакт на WinterContact TS 870 дури за десет отсто. Рабовите и жлебовите во овие блокови функционираат како бришачи на стаклото на ветробранот, брзо распрскувајќи го кашестиот снег и обезбедувајќи добро прилегнување на замрзнати површини.

Continental_PP_Wintercontact_TS870_2 Kopie

WinterContact TS 870 има шара на слојот за газење во форма на буквата V што е прифатена од голем број производители на пневматици.

WinterContact TS 870 има шара на слојот за газење во форма на буквата V што е прифатена од голем број производители на пневматици. Меѓутоа, овде впечатлива иновација е тоа што главните отвори во форма на буквата V се движат кон брановидниот централен жлеб што се протега околу пневматикот што на новиот зимски специјален пневматик на Continental му дава многу поинаков изглед од повеќето негови конкуренти. Но тоа не е сѐ. Преку комбинација на хидрожлебови и жлебот во средина развојните инженери постигнале дури и побрзо растерување на водата при возење на дожд. На овој начин се обезбедува поефективна заштита од аквапланинг и се овозможуваат дополнителни подобрувања во перформансите на сопирање на влажни патишта. Друг фактор што придонесува за помали должини на сопирање е новото усовршено соединение на слојот за газење што, како и кај претходниот модел, е наречено Cool Chili. Комбинацијата на посебни смоли обезбедува подобро прилегнување и помали должини на сопирање на влажни патишта.

Тајната што е зад подобрените еколошки својства на пневматикот, пред сѐ, е во полимерското соединение. Оптимизираната густина на вмрежувањето дава поголема флексибилност, со што се подобрува квалитетот на контактот меѓу пневматикот и патот. На тој начин се намалува абразијата и се зголемува километражата на пневматикот. Истовремено, соединението Cool Chili го намалува отпорот при тркалање, со што се намалува потрошувачката на гориво, а со тоа и емисијата на CO2.

WinterContact TS 870 е изработен за модели, како што се VW up!, VW Golf и Citroën C4. И поскапите модели, вклучително и BMW 1 Series и 3 Series, ќе возат безбедно во студената сезона со овој нов зимски пневматик на Continental. Асортиманот на производот иницијално има 19 големини за бандажи од 14 до 17 инчи, со серија меѓу 45 и 65 проценти и со широчина од 175 до 225 милиметри – некои со ребро за заштита на бандажи и/или со ознака XL што значи повисока носивост на товар. Следната година Continental ќе додаде дополнителна големина 45 во асортиманот. Овие пневматици се одобрени за брзина до 240 km/h. 

wintercontact 870P

Continental постепено ќе го воведува WinterContact TS 870 P како наследник на TS 850 P. Како и со неговиот „помал брат“, за WinterContact TS 870 P, Continental користи подобрено соединение Cool Chili и користи хидрожлебови.

WinterContact TS 870 P за автомобили со средна големина, SUV-возила и поголеми возила

Continental постепено ќе го воведува WinterContact TS 870 P како наследник на TS 850 P.

Како и со неговиот „помал брат“, за WinterContact TS 870 P, Continental користи подобрено соединение Cool Chili и хидрожлебови. За да овозможат дополнителна безбедност за возачите што вградуваат пошироки пневматици, развојните инженери се определија да отстапат од конвенционалниот слој за газење во форма на V. Наместо тоа, во WinterContact TS 870 P, Continental се определил за покрута конструкција со четири големи циркумферентни жлебови што се движат меѓу редовите блокови на слојот за газење. Оваа иновативна структура на слојот за газење, која значително се разликува од онаа на претходникот, нуди големи предности – особено во влажни услови. Таа многу брзо ја растерува водата од делот за контакт, а како резултат на тоа има подобро управување, помали должини на сопирање и ефективна заштита од аквапланинг.

Во споредба со докажаниот претходник на пневматикот, развојните инженери направија четирипроцентно подобрување кај сопирањето во влажни услови и осумпроцентно подобрување во својствата против аквапланинг − притоа без да ги загрозат неговите перформанси во другите аспекти. Посебно треба да се споменат подобрувањата од пет проценти во сопирањето на мраз, шест проценти во управувањето на суви услови и шест проценти во управувањето на снег. Овој нов пневматик на Continental, исто така, има исклучителни еколошки својства: Намалувањето на отпорот при тркалање од два процента е придружено со зголемувањето на километражата од 16 проценти.

Continental_PP_Wintercontact_TS870P

За да овозможат безбедност за возачите што монтираат пошироки пневматици, развојните инженери избрале во WinterContact TS 870 P да отстапат од конвенционалниот слој за газење во форма на буквата V. Наместо тоа, во WinterContact TS 870 P, Continental се определил за покрута конструкција со четири големи циркумферентни жлебови што се движат меѓу редовите блокови на слојот за газење. Оваа иновативна структура на слојот за газење многу брзо ја растерува водата од делот за контакт.

Асортиманот на производите иницијално има 52 големини за бандажи за патнички автомобили и за SUV-возила од 16 до 21 инч, со серија меѓу 35 и 65 проценти и со широчина од 205 до 255 милиметри – повеќето со ребро за заштита на бандажи и/или со ознака XL што значи повисока носивост на товар – и со одобрение за брзина до 270 km/h. Со тоа, WinterContact TS 870 P е идеално решение кога се монтираат нови пневматици на седани, SUV-возила и спортски автомобили, како што е Audi TT. Цврстата конструкција на пневматикот го прави извонреден избор за потешките модели со електричен погон.

Continental првично имаше намера да ги пушти во продажба овие два нови пневматика индивидуално, еден по друг. Пуштањето на пазарот на WinterContact TS 870 беше најавено за минатата година, но беше одложено до 2021 година поради пандемијата на Ковид-19.

Контакт
press_contact_image_sidebar_luka_maselj
Luka Maselj

PR & Marketing communications B2C

Continental Adria pnevmatike d.o.o.
Zagrebška cesta 104
2000 Maribor
Slovenia

+386 24 50 34 48

+386 24 50 34 39