Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image

Медија сервиси

Нов Continental WinterContact TS 870

20/02/2020
  • Нов зимски пневматик со високотехнолошка шара и соединение на слојот за газење
  • Својствата за управување даваат дури и поголема безбедност и одржливост

За новиот WinterContact TS 870, инженерите за пневматици во Continental излегоа со нова шара и соединение на слојот за газење. Нивната предизвикувачка мисија беше да развијат дури и подобар пневматик од неговиот повеќепати наградуван претходник. Исходот е пневматик што, во директна споредба, има 5 проценти помала должина на сопирање на мраз и 5 проценти подобро управување на снег. Новиот WinterContact TS 870, исто така, нуди подобро прилегнување на снег, подобрени својства на влажни временски услови и подобрено управување на суви патишта. Инженерите на Continental остварија добар напредок од аспект на еколошките својства на пневматикот, постигнувајќи седумпроцентно зголемување во километражата, како и четирипроцентно намалување на отпорот при тркалање.

Добрите зимски пневматици покажуваат исклучително балансирани перформанси во сите дисциплини. За да се постигне ова беше усовршена нова шара на слојот за газење, а соединението на слојот за газење беше ставено во редот на најновите истражувачки откритија. Овде фокусот беше ставен на безбедните перформанси на снег и мраз и на влажни патишта, како и на поголема километража и помал отпор на тркалање.

За уште побезбедно сопирање на мраз, делот од пневматикот што доаѓа во контакт со патот вклучува до 10 проценти повеќе блокови во слојот за газење од неговиот успешен претходник. Рабовите и жлебовите во овие блокови функционираат како бришачи на стаклото на ветробранот, брзо распрскувајќи го кашестиот снег и обезбедувајќи добро прилегнување на замрзнати површини. Со длабоките жлебови поставени паралелно на дијагоналните отвори, пневматиците имаат голем број рабови, што им овозможува на динамичките сили поефективно пренесување и добро прилегнување на прав пат и при возење во кривини. Дополнителна предност на овој дизајн се поголемите џебови за снег во слојот за газење. Тие се полнат со снег и обезбедуваат дури и подобро прилегнување.

Новите 3Д-жлебови за блокирање се поставени на најдобар можен агол за справување со снегот. Како што блоковите на слојот за газење навлегуваат подлабоко во снегот, така тие може поефективно да се поврзат и да овозможат дополнително прилегнување.

Новата шара во слојот за газење има посебен концепт со централен канал, кој уште повеќе го забрзува растерувањето на водата при возење на дожд, нудејќи подобра заштита од аквапланинг. Друг фактор што придонесува за помалите должини на сопирање е новото усовршено соединение на слојот за газење што, како и кај претходниот модел, е наречено Cool Chili Compound. Комбинацијата на посебни смоли обезбедува подобро прилегнување и помали должини на сопирање на влажни патишта. 

Дополнителниот позитивен ефект е резултат на флексибилноста на полимерското соединение што е овозможено со оптимизирана густина со меѓуповрзаност. На тој начин се подобрува квалитетот на контактот меѓу пневматикот и патот, а се намалува абразијата и се зголемува километражата на пневматикот. Истовремено, соединението е усовршено за да генерира значително намалување на отпорот при тркалање. На етикетата за пневматици на ЕУ, новиот WinterContact TS 870 е рангиран како „C“ во однос на ефикасноста на горивото и како „B“ во однос на прилегнувањето на влажни патишта, додека неговото ниво на бучава од 70 dB го става во најниската категорија, претставувана од бран со единствен звук.

Контакт
press_contact_image_sidebar_luka_maselj
Luka Maselj

PR & Marketing communications B2C

Continental Adria pnevmatike d.o.o.
Zagrebška cesta 104
2000 Maribor
Slovenia

+386 24 50 34 48

+386 24 50 34 39