Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image

Медија сервиси

Пневматиците Continental исклучително успешни на пазарот на оригинална опрема

25/06/2019

  • Германскиот производител на пневматици фабрички го оригиналчпремува секој трет автомобил во Европа
  • Девет од десет најдобро продавани автомобили во Европа се одобрени за пневматици Continental
  • Со пневматици Continental се опремуваат и спортски авромобили, луксузни модели и електрични автомобили

Continental е еден од најголемите испорачувачи на пневматици на производители на возила. Околу една третина нови автомобили во Европа се опремени со пневматици од германската компанија со седиште во Хановер. Уште повеќе, кога се работи за најдобро продаваните европски автомобили, како што се VW Golf, Renault Clio и Ford Fiesta, производителите одобриле девет од десет модели за опремување со пневматици Continental. Производите на компанијата се популарни и кај производителите на спортски и суперспортски автомобили како што се Porsche, Maserati и AMG. Rolls Royce и Maybach користат пневматици Continental, додека и производителите на електрични автомобили Audi, Tesla и Renault се потпираат на производите на компанијата за делот за контакт меѓу автомобилот и патот. Листата на клиенти на Continental не е ограничена на европските производители, при што и азиските производители, како што е Hyundai се многу задоволни со развојната експертиза што произлегува од Германија.

Continental штотуку доби дополнителни одобренија за пневматици како оригинална опрема (ОЕ) од водечките производители на возила во Европа, при што Audi e-tron и Q8/SQ8 на Audi се опремени со неговите летни и зимски пневматици. BMW го следеше примерот, опремувајќи ги со пневматици Continental своите модели X7, X3M, X3 и Z4. Rolls Royce Cullinan излегува од фабриката на пневматици усовршени од одделот за развој во Хановер-Стокен, а сега и Porsche се потпира на стручноста на инженерите на Continental за своите зимски пневматици.

Причината за многуте одобренија за летни и зимски пневматици и за пневматици за сите сезони е високото ниво на експертиза и на искуство што инженерите на Continental ги стекнале во развојот на ОЕ-пневматици. Како резултат, производите се одделно приспособени на барањата на секој поединечен производител заради точно постигнување на саканите дополнителни карактеристики, како што е совршено управување за Porsche или за M-BMW, максимална удобност дури и при најголема брзина за Rolls Royce и многу мал отпор при тркалање за електричните автомобили. Еден развоен круг често не е доволен. Во соработка со производителите на автомобили се развиваат и се тестираат прототипови додека не се постигне совршено совпаѓање на персонализираниот пневматик. Таквите пневматици имаат и посебни идентификатори за да се обезбеди да бидат поставени на вистинскиот автомобил. На пример, идентификаторот „MO“ се однесува на пневматици за Mercedes, додека производите за BMW се означени со ѕвездичка (*).

Причината за оваа исклучително успешна соработка со производителите на возила е во повеќегодишното искуство што го стекнале инженерите на Continental и во вклученоста на колеги од другите одделенија на компанијата. Соработката со специјалистите за кочници и шасија од Одделението за шасија и безбедност обезбедува синергии што не може да бидат понудени од други производители на пневматици. Истовремено, развојот на OE-производите им помага на инженерите однапред да идентификуваат нови тенденции во индустријата и да се приспособат кон нив. Ова создава класична ситуација во која сите добиваат што, исто така, создава задоволни клиенти за трговијата со пневматици, бидејќи искуството покажува дека при нарачка на заменски пневматици сопствениците на автомобили го купуваат истиот модел со кој им бил исорачан автомобилот.

Контакт
press_contact_image_sidebar_luka_maselj
Luka Maselj

PR & Marketing communications B2C

Continental Adria pnevmatike d.o.o.
Zagrebška cesta 104
2000 Maribor
Slovenia

+386 24 50 34 48

+386 24 50 34 39

Ние користиме колачиња за да се осигура дека ви го даваме најдобриот опит на нашата веб страница. Кликните тука за да дознаете нешто повеќе или да ги промените поставките за колачиња.