Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image

Медија сервиси

Главниот партнер на „Тур де Франс 2019“ оптимист: Continental бара од корисниците на патот да покажат повеќе разбирање еден за друг

22/05/2019

  • Кристијан Коц, новиот член на Извршниот одбор одговорен за дивизијата „Гуми“ (Tires) вели: „Continental се залага за безбедно патување, без оглед дали е тоа на две или на четири тркала.“
  • Првата гума за велосипед со гума од глуварче е во фаза на производство навреме за „Тур де Франс“
  • Годинава со гуми на Continental ќе се натпреваруваат шест тима

Continental и A.S.O., организаторите на „Тур де Франс“, го очекуваат годинашниот настан со оптимизам. Зборувајќи во текот на посетата на фабриката за гуми на Continental во Корбах, Германија, Кристијан Коц, член на Извршниот одбор на Continental AG и директор на дивизијата „Гуми“, и Кристијан Прудхом, директор на „Тур де Франс“, го нагласија значењето на нивното партнерство за несомнено најтешката и најпознатата велосипедска трка во светот. „За нас ‘Тур де Франс’ дава добра платформа на која ќе ја докажеме нашата решителност за постигнување успешни резултати како технички еден од најискусните производители на гуми за велосипеди во светот“, изјави Коц. „Поседуваме повеќегодишно искуство во производството на тркачки гуми за ‘Тур де Франс’ и долга традиција на снабдување на тимовите со наши гуми. Исто така, ‘Тур де Франс’ ни помага да изградиме мост меѓу велосипедистите и возачите и да ја нагласиме нашата посветеност на Vision Zero, чија цел е свет без фатални жртви, без повреди и, всушност, без несреќи на нашите патишта. Во текот на целата трка ќе бараме од велосипедистите и од возачите да покажат повеќе разбирање еден за друг и да ја промовираат нашата кампања ‘Stay Wider of the Rider’.“ Придом, пак, изјави: „Безбедноста на ‘возачите и на возилата’ на патеката на трката е наш приоритет. За Continental, квалитетот на производот е главна цел, а добрите гуми очигледно ја подобруваат безбедноста. Горди сме на ова партнерство што ќе му додаде неверојатна техничка експертиза на ‘Тур де Франс’.“ 

Conti 190521 1241_01_30 web

(од лево кон десно): Кристијан Придом, директор на „Тур де Франс“, Оскар Переиро, победник на „Тур де Франс“ во 2006 година, Кристијан Коц, директор на дивизијата „Гуми“ на Continental, Томас Фалке, директор на деловната единица „Две тркала“ (Two Wheel). 

Соодветно во контекст на велосипедизмот и велосипедското натпреварување, во текот на „Тур де Франс“ Continental ќе биде активен и на зголемувањето на свеста за неговата корпоративна цел за одржливост. За таа цел компанијата ќе ја претстави својата прва серија велосипедски гуми произведена од гума од глуварче. Моделот Urban Taraxagum е сестрана гума за спортски и за тркачки велосипеди со популарната големина 35-622. Годинава Continental ќе ја произведе првата ограничена серија на овие гуми. Гумата доаѓа од истражувачката лабораторија на Continental во Анклам, која е отворена во декември минатата година. Тука производителот спроведува натамошни тестови за одгледување и за обработка на глуварчето како алтернативен извор на гума за тропското каучуково дрво. Ова ќе се однесува и на смесата „Блек Чили“, која првобитно била развиена во секторот за возила на две тркала, а сега се користи во производството на пневматици со високи перформанси за автомобили. „Urban Taraxagum, кој има интегриран прекинувач Vectran, е удобен спортски пневматик што ги крши сите постојни конвенции во производството на пневматици,“ вели Томас Фалке, директор на деловната единица „Две тркала“ на Continental. „Пневматикот се развива и се произведува во нашиот центар за истражување и развој во Корбах. Ние веќе бевме единствен производител на велосипедски гуми што „рачно се произведуваа во Германија“, а со оваа нова смеса одиме еден чекор понатаму во нашите активности во Германија затоа што гумата Taraxagum е „пожнеана“ во Анклам, Североисточна Германија.“ Urban Taraxagum е достапна од 2019 година, во ограничена серија.

Годинава шест тима од „Ворлд Тур“ – Инеос, ФДЈ, Мовистар, Бахраин-Мерида, Катуша-Алпечин и Сунвеб − ќе се натпреваруваат со тркачките гуми Competition Pro LTD од Continental. Continental ќе ги опреми и официјалните возила на „Тур“ со најновите пневматици за автомобили на Continental, PremiumContact 6, кои се произведуваат во Саргемин, Франција.

Како еден од главните партнери на настанот, Continental ќе има поголема видливост во текот на целата трка.  Логото на Continental ќе стои на лакот над финиш-линијата, како и на лакот „flamme rouge“, еден километар од финишот.  По секоја фаза претставник на Continental на подиумот ќе му врачи трофеј на победникот на фазата.

Контакт
press_contact_image_sidebar_luka_maselj
Luka Maselj

PR & Marketing communications B2C

Continental Adria pnevmatike d.o.o.
Zagrebška cesta 104
2000 Maribor
Slovenia

+386 24 50 34 48

+386 24 50 34 39

Ние користиме колачиња за да се осигура дека ви го даваме најдобриот опит на нашата веб страница. Кликните тука за да дознаете нешто повеќе или да ги промените поставките за колачиња.