Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image

Медија сервиси

PremiumContact 6 доби рејтинг „препорачан“ од списанието auto motor und sport

01/03/2018
PremiumContact™ 6
  • Летниот пневматик од Continental меѓу пневматиците со врвни перформанси на тестовите на auto motor und sport
  • Списанието тестира единаесет модели на летни пневматици 225/45 R17
  • Пневматикот Continental дава „позитивен фидбек за управување на влажни патишта, добра прецизност и силно прилегнување во свијоци на суви патишта“

На тестот на летните пневматици во неговото последно издание (бр. 6/18), auto motor und sport тестираше единаесет пневматици 225/45 R 17. Исто така, PremiumContact 6 од Continental доби рејтинг „препорачан“. По тестовите, експертите ги пофалија фидбекот за управување на пневматикот на влажни патишта, добрата прецизност и силното прилегнување во свијоци. Меѓу позитивните оцени беа и неговите „најбрзи времиња за еден круг“ и карактеристиките на „многу балансиран“ пневматик.

Тестираната големина 225/45 R 17 е една од најпопуларните големини за моделите од компактна класа. Тој може да се постави на многу различни патнички автомобили – од Audi A3 до BMW 1 и 2 Series, Mini Clubman, Peugeot 308 и Volkswagen Golf. Во овој случај тест-возило беше Audi A3.

Почеток

Со новиот PremiumContact 6 што беше пуштен на пазарот минатата година, Continental успешно го премостува јазот меѓу пневматик за седан со голема удобност на возење и пневматик за спортски модели. Тој ги обединува квалитетот на возење, прецизното насочување, максималната безбедност и добрите еколошки својства во еден производ. PremiumContact 6 се произведува во околу 120 големини за бандажи од 16 до 22 инчи за да одговараат за патнички и за SUV-возила. Сегашниот сортиман покрива ширина на пневматици од 205 до 325 mm, со серии меѓу 65 и 30 проценти и одобрена брзина од 210 km/h до 300 km/h.

Почеток
Контакт
press_contact_image_sidebar_luka_maselj
Luka Maselj

PR & Marketing communications B2C

Continental Adria pnevmatike d.o.o.
Zagrebška cesta 104
2000 Maribor
Slovenia

+386 24 50 34 48

+386 24 50 34 39

Ние користиме колачиња за да се осигура дека ви го даваме најдобриот опит на нашата веб страница. Кликните тука за да дознаете нешто повеќе или да ги промените поставките за колачиња.