Од почетокот на новата година Continental ќе биде официјален партнер на Tour de France. Договорот за спонзорство официјално го потврдија Кристијан Прудом, генерален директор на Tour de France, и Николаи Сецер, член на Извршниот одбор на Continental AG одговорен за корпоративни набавки и директор на Дивизијата за пневматици.
Николаи Сецер, член на Извршниот одбор на Continental и директор на Дивизијата за пневматици
„За Continental, тоа што станува официјален партнер претставува логичен следен чекор во нашата посветеност кон развојот и производството на високотехнолошки пневматици за тркачки велосипеди – пневматици што се користат и на Tour de France“, нагласи Сецер на свеченоста во Париз. „Со овој чекор ја покажуваме нашата голема производна стручност во производството на пневматици во единствената средина од светско значење – на велосипедски трки за кои не само што е потребна крајна безбедност туку се налагаат и референтни стандарди од аспект на отпорот на тркалање и на тежината“. Само минатата година девет тимови што се натпреваруваа на Tour de France користеа пневматици на Continental, вклучително и победникот Крис Фрум.
Кристијан Прудом, генерален директор на Tour de France, додаде: „Чест ни е да му посакаме добредојде на Continental на Tour de France – компанија со меѓународен статус, со повеќе од 145 години знаење и која е на врвот во својот сектор. Од големо значење за велосипедизмот е тоа што Continental сака да се поврзе со најголемата велосипедска трка во светот. Посветеноста на A.S.O. од аспект на безбедноста на велосипедските трки, во комбинација со истражувањата на Continental за развој на уште поефикасни пневматици, ги потврдува вредностите и логиката што е зад ова партнерство. Пневматикот е единствената точка на контакт меѓу велосипедот и патот; според тоа, тој е клучен елемент во практикувањето на овој спорт“.
Од 2018 година Continental во првите пет години ќе одржува високо ниво на видливост околу најтешката велосипедска трка во светот. Сите официјални помошни возила – автомобили, ванови и мотоцикли – на Tour de France ќе бидат опремени со пневматици на Continental.