Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image

Медија сервиси

Новиот пневматик WinterContact TS 860 S со „кул“ перформанси

13/09/2017
  • Новиот зимски пневматик за спортски автомобили и за луксузни лимузини со високи перформанси ќе се најде во продажната мрежа од есенва
  • Специјализиран зимски пневматик конзистентно дизајниран имајќи ги предвид безбедноста и спортското возење
  • Се очекува одобрување од водечките европски производители на автомобили
WinterContact™ TS 860 S

Хановер, септември 2017 година Continental со новиот пневматик WinterContact TS 860 S го претставува зимскиот пневматик за спортски автомобили и за моќни автомобили дизајнирани за динамично возење. Пневматикот WinterContact TS 860 S ќе биде достапен на пазарот на заменливи делови и како оригинална опрема, при што Continental има намера на производителите на автомобили да им понуди сопствени приспособени верзии со различни карактеристики за ракување на највисоко ниво. Новиот пневматик покажува врвни перформанси од аспект на растојанието за сопирање и управување на суви патишта, како и карактеристики за управување на снег. За претстојната зима новиот пневматик WinterContact TS 860 S ќе биде произведен во 14 големини. Производите ќе бидат со пречници од 18 до 21 инч, со одобрена брзина до 270 km/h.

Continental со новиот пневматик WinterContact TS 860 S одговара на многубројните различни потреби на производителите и на возачите на автомобили со високи перформанси. Така, при усовршувањето на пневматикот фокусот беше ставен на малите растојанија за сопирање и на прецизноста на управувањето во суви услови, како и на врвните карактеристики за управување на снег. Овој специјалист за зима ги постигнува своите мали растојанија на сопирање со помош на „жлебот за сопирање“ – широк жлеб што минува низ средината на слојот за газење, при што се добива голема површина со која се подобрува прилегнувањето. Цврстите, широки блокови на рaмото овозможуваат максимално прилегнување за одѕив со прецизност на управувањето, а многуте жлебови на слојот за газење и отвори за тракција во блоковите на слојот за газење поттикнуваат добро поврзување со снегот, овозможувајќи спортско возење дури и на типично зимски патишта. За секторот на заменливи делови Continental подготви соединение што дава висока флексибилност дури и во зима. На полето на оригиналната опрема Continental планира да ги задоволи специфичните и различните потреби на производителите на автомобили, како што се Audi Sport GmbH, BMW M Gmbh, Mercedes-AMG и Porsche, со приспособени соединенија на пневматикот во секој од случаите.

 

Овој нов зимски пневматик со високи перформанси ја презема палката од два модела со врвни перформанси, ContiWinterContact TS 830 P и WinterContact TS 850 P, кои се добитници на највисоки оцени на различни тестови што ги спроведуваат списанијата за автомобили и автомобилските клубови. Двата модела-претходници беа мошне популарни и како оригинална опрема. На пример, TS 830 P собра 104 признанија од производителите, а TS 850 P со својот помал опсег на моделот доби околу 50 признанија. Пред да се пушти на пазарот новиот пневматик WinterContact TS 860 S беше подложен на тестови кај водечките производители на автомобили во Европа. 

На страничниот ѕид на новиот зимски пневматик не се претставени само името на производот и многуте задолжителни ознаки за идентификација туку и стилизираното знаме со шаховска табла од U-UHP летниот пневматик SportContact 6, како и познатиот мотив на снегулка што се појавува на другите зимски пневматици од Continental. Пневматикот ги помина потребните тестови за симболот на снегулка на планина со три врва што мора да го имаат сите одобрени зимски пневматици што ќе се пуштат на пазарот од оваа зима. На ознаката на ЕУ за пневматици новиот зимски пневматик добива рејтинг од групата Ц за прилегнување на влажна површина, во зависност од спецификацијата, рејтинг од групата Б, Ц или Е за отпор при тркалање. Во рејтингот за бучавата на овој многу тивок пневматик му беше доделен симбол на две црни ленти.

Во времето кога ќе биде пуштен на пазарот Continental прво ќе има 14 големини што ќе бидат достапни за бандажи од 18 до 21 инч, од кои шест ќе имаат технологија SSR runflat и технологија ContiSilent за особено тивко возење. WinterContact TS 860 S ќе биде достапен во ширина од 225 до 315 милиметри со серии на пневматикот од 60 до 30 отсто и одобрени за брзини до 270 km/h (брзински индекс „W“).

Контакт
Alexander Bahlmann
Kai Rühling

Senior PR Consultant & Content Management Passenger & Light Truck Tires EMEA
Continental AG l Divison Tires

Büttnerstraße 25

30165 Hannover, Germany

+49 (0) 511 938 2370

+49 (0) 511 938 2455