Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image

Медија сервиси

Continental претставува два нови концепта на технологијата на пневматици за поголема безбедност и комфор

12/09/2017
  • ContiSense: На пневматиците користи сензори за мерење на длабочината на слојот за газење и ги алармира возачите за оштетување на пневматикот – пренесување на податоци преку електронски спроводлив пневматик
  • ContiAdapt: Ги приспособува притисокот на пневматикот и ширината на бандажот за да се приспособи контактната површина на условите на патот
  • Новите технолошки концепти ќе бидат претставени на IAA 2017 во врска со ажурираното проучување на пневматиците
Почеток

 

Хановер, септември 2017 година Continental воведува два нови технолошки концепта за пневматиците што во иднина ќе придонесат за поголема безбедност и комфор на патот. Двата система овозможуваат постојано следење на состојбата на пневматикот, како и приспособување на карактеристиките на перформансите на пневматикот на доминантните услови на патот. Технологиите, наречени ContiSense и ContiAdapt, ќе го имаат своето деби во јавноста на Саемот на моторни возила (IAA) 2017, што ќе биде придружено со студија за пневматиците.

ContiSense се заснова врз развојот на електрично спроводливите соединенија на пневматиците што овозможуваат праќање на електрични сигнали од сензорот во пневматикот до рисиверот во автомобилот. Сензорите во пневматиците постојано ги следат длабочината на слојот за газење и температурата. Ако измерените вредности се над или под однапред дефинираните граници, системот веднаш го алармира возачот. Ако нешто навлезе во слојот за газење, колото во пневматикот се затвора, при што, исто така, веднаш се активира предупредување за возачот, но побрзо од досегашните системи што само го предупредуваат возачот кога веќе почнал да се намалува притисокот на пневматикот. Во иднина системот ContiSense ќе има дополнителни сензори што, исто така, ќе може да се користат индивидуално. Според тоа, пневматикот може да ги „почувствува“ информациите за површината на патот, како што е температурата на патот или присуството на снег и да му ги пренесе на возачот. Податоците може да се пренесат на електрониката на возилото или преку блутут на смартфон.

 

ContiAdapt комбинира микрокомпресори што се интегрирани во тркалото за да се приспособи притисокот на пневматиците со бандаж со променлива ширина. Значи, системот може да ја модифицира големината на контактната површина што во различни услови на патот претставува одлучувачки фактор за безбедност и комфор. Четирите различни комбинации овозможуваат совршено адаптирање во влажни, нерамни, лизгави и во нормални услови. На пример, помалата контактна површина комбинирана со висок притисок на пневматикот овозможува мал отпор при тркалање и енергетски ефикасно возење на мазни и суви патишта. Од друга страна, комбинацијата на поголема контактна површина со понизок притисок на пневматикот овозможува идеално прилегнување на лизгави патишта. Системот овозможува и поставување на многу ниски притисоци на пневматикот под 1 бар, со што се помага, на пример, возилото полесно да излезе од местото каде што е паркирано во длабок снег или да премине опасна делница со голомразица.

ContiSense и ContiAdapt се обединети со концептен пневматик што овозможува целосно искористување на предностите на двата система. Дизајнот на пневматикот се карактеризира со три различни зони на слојот за газење, за возење на влажни, лизгави или на суви површини. Во зависност од притисокот на пневматикот и ширината на бандажот се активираат различни зони на слојот за газење и концептниот пневматик го приспособува потребниот „отпечаток“. На овој начин карактеристиките на пневматикот се приспособуваат на доминантните услови на патот или на склоностите на возачот.

 

Continental смета дека двата технолошки концепта на пневматици се ветувачки решенија за мобилност за во иднина, со оглед на тоа што пневматиците се адаптираат за да одговорат на потребите на автоматизираното возење и електрификацијата. Слабиот отпор на тркалање, на пример, овозможува електричните автомобили да поминат поголеми растојанија со едно полнење. Истовремено, пневматиците може да се адаптираат за да ги задоволат личните склоности на возачот или како одговор на ненадејните промени на временските услови. Овие концепти се логичен следен чекор во прогресивниот развој на сензорот REDI што Continental го пушти на пазарот во 2014 година и придонесе во воспоставувањето на паметна комуникација меѓу возилото и пневматикот. Новите технолошки концепти на пневматиците произлегуваат од двете етаблирани технологии за мобилност ContiSeal, за автоматско лепење на дупнатите пневматици и ContiSilent, за забележително намалување на бучавата на пневматикот/на патот. Continental, кој е во можност да ги искористи вековното искуство во технологијата за пневматици и интерната експертиза во областа на електрониката на возилата и автомобилската информатичка технологија, систематски ги усогласува своите производи со идните барања на автономното возење и на електричната мобилност.

Контакт
Alexander Bahlmann
Kai Rühling

Senior PR Consultant & Content Management Passenger & Light Truck Tires EMEA
Continental AG l Divison Tires

Büttnerstraße 25

30165 Hannover, Germany

+49 (0) 511 938 2370

+49 (0) 511 938 2455

Ние користиме колачиња за да се осигура дека ви го даваме најдобриот опит на нашата веб страница. Кликните тука за да дознаете нешто повеќе или да ги промените поставките за колачиња.