Производствениот објект е изграден во согласност со ергономските насоки, при што за транспорт на земјоделските пневматици се користат машини за подигнување.
Хановер/Лузадо, 5 септември 2017 година Со своите први премиум радијални пневматици во работењето со пневматици за земјоделството во своето ново портфолио Continental се враќа во бизнисот со пневматици за земјоделскиот сектор. „Повторното влегување во бизнисот со пневматици за земјоделскиот сектор претставува значаен чекор за нас на патот на развојот на Дивизијата за пневматици“, вели Николаи Сецер, член на Извршниот одбор на Continental AG и директор на Дивизијата. „Во изминативе неколку години успеавме успешно да го прошириме бизнисот со специјални пневматици со пуштањето во промет на пневматици за пристаништа и за машини за земјени работи. Портфолиото со пневматици за земјоделството го комплетира асортиманот на производи за теренска употреба.“
Робусни стандардни пневматици Tractor70 и Tractor85 за максимална ефикасност на земјоделската механизација
Continental со Tractor70 и Tractor85 пушти во промет два стандардни пневматика за трактори. Пневматиците покажуваат исклучителна робустност и трајност, а истовремено обезбедуваат високо ниво на комфор при возењето, нежно управување и тракција. Тие се карактеризираат со нова технологија на засилен раб и се произведуваат од иновациски најлонски материјал, за кој се очекува регистрирање на патент под името N.flex. Пневматиците ја носат ознаката „Проектирани за ефикасност“, што значи дека се проектирани за зголемување на перформансите на земјоделската механизација и на квалитетот на нивната работа, истовремено намалувајќи ги употребените ресурси. По пуштањето во употреба на стандардните пневматици Tractor70 и Tractor85, портфолиото на пневматици на Continental треба да се прошири на вкупно 100 големини до 2019 година.
Производството во Лузадо со најсовремена производствена технологија
Истовремено со пуштањето во промет на Tractor70 и Tractor85, исто така, Continental започнува со производство на пневматици за земјоделскиот сектор на својата локација во Лузадо. Софистицираниот производствен објект беше воспоставен за помалку од две години со инвестиција од 49,9 милиони евра. Тој е лоциран до погонот за производство на пневматици за автомобили, кој е еден од најефикасните во рамките на Continental Group. Continental востанови и центар за испитување и развој на својата нова локација за производство на пневматици за земјоделството, каде што земјоделските пневматици се тестираат за квалитет и за натамошен развој.
Повеќе од 70 години искуство во производството на пневматици за земјоделството
Повторното влегување на Continental во бизнисот со пневматици за земјоделството ќе се потпира на сопствените темелни знаења за развојот, производството и дистрибуцијата на специјални пневматици. Истовремено, производителот на пневматици го користи децениското искуство во бизнисот со пневматици за земјоделството: првиот пневматик за влечење е произведен во 1928 година и до 2004 година се произведувани радијални пневматици во чешкиот град Отроковице. Поради ова, Continental сè уште има добра репутација на пазарот.
Со срце и почва: Кампањата се фокусира на фармерот
Комуникациската кампања што го придружува пуштањето на пазарот ги комбинира страста со техничката експертиза и иновациите и го рефлектира силниот фокус на Continental на клиентот. Таа ја нагласува посветеноста што ја имаат фармерите кон својата работа и ја истакнува почвата како потекло на жетвата и на приносот на фармерот и како тој оптимално е заштитен со пневматиците Continental.
Производствениот објект е изграден во согласност со ергономските насоки, при што за транспорт на земјоделските пневматици се користат машини за подигнување.
Николаи Сецер, член на Извршниот одбор на Continental и директор на Дивизијата за пневматици.
Проверките на квалитетот имаат важна улога во новото производство на пневматици за земјоделството во Лузадо.
Комуникациската кампања на Continental ги комбинира иновацијата и емоцијата.
Николаи Сецер - член на Извршниот одбор на Continental и директор на Дивизијата за пневматици
Инсталирани се нови софистицирани машини за поврзување.
Покрај новата постројка за производство, изграден е и нов центар за тестирање на пневматици.
Николаи Сецер - член на Извршниот одбор на Continental и директор на Дивизијата за пневматици
Пауло Куна - градоначалник на Вила Нова де Фамаликао
Педро Кареира - менаџер на постројката Лузадо
Мануел Калдеира Кабрал - министер за економија на Португалија
Сечење лента (одлево кон десно): Јоао Педро Рамос - раководител за производство CST, Торстен Бублиц - линиски менаџер, земјоделски пневматици CST, Јоао Оливеира - Работнички совет, Перо Кареира - менаџер на постројка, Пауло Куна - градоначалник, М. Калдеира Кабрал - министер за економија, Николаи Сецер - член на Извршниот одбор на Continental и директор на Дивизијата за пневматици, Ана Ленан - државен секретар за индустрија, Ено Стратен - директор за комерцијални специјални пневматици