Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image

Медија сервиси

Tire Technology International му ја додели на Continental наградата Најдобар производител на гуми во 2017 година

16/02/2017
  • Највисокиот експертски панел судии му ја додели наградата на производителот на гуми за извонредни инвестиции во развојот, истражувањето, тестирањето и опремата за производство
  • Со визијата и стратегијата усвоени до 2025 година, во 2016 година се отпочнаа импресивен број иновации и одлични проекти
  • За таа одлука беа пресудни три фактори: нов развоен центар за врвни технологии, природна гума од корен на глуварче, огромно зголемување на капацитетот
Nikolai Setzer

Nikolai Setzer, član izvršnog odbora direktora kompanije Continental AG.

Минатата вечер на саемот „Tire Technology Expo 2017“, што беше организиран во Хановер од 14-16 февруари, Continental беше прогласена од страна на стручниот часопис „Tire Technology International“ за „Производител на годината“ во сегментот на технологија за изработка на пневматици, што се доделува од 2008 година. Со таа награда, највисокиот екпертски тим составен од 27 членови, вклучувајќи членови од Европа, Јапан, Индија и Америка, ја награди инвестицијата што ја отпочна Continental во последните дванаесет месеци. „Ни претставува голема чест што ја добивме оваа награда што ги цени сите наши технолошки проекти и иновации реализирани во рамките на нашата Визија за 2025 година, која ги дефинира долгорочните стратегии за нашиот развој“, изјави Николај Сецер, член на Извршниот одбор и директор на компанијата Continental AG, одговорен за корпоративни набавки и директор на одделот за пневматици, четврт во светот производител на гуми со продажба поголема од 10 милијарди евра. Истовремено, наградата за најиновативен производител на пневматици, го мотивира силно нашиот глобален тим, кој денес брои повеќе од 5.000 вработени, да продолжиме по тој пат, чекор по чекор“.


Меѓу иновациите на Continental, одлучувачки за доделувањето на оваа награда, е отворањето на Високотехнолошкиот центар во Корбах, Германија, во јуни 2016 година, проектот за добивање природна гума од корен на глуварче во истражувачкиот центар во Анклам, Германија, и производство на прва создена гума за камиони со газечки слој изработен од гума од корен од глуварче. Исто така, жирито го оцени високо и истражувачко-развојниот центар во Лусада, Португалија за гуми што се користат во земјоделството, како и проширувањето на производството на пневматици за камиони во фабриката на Continental во градот Отроковица, во Република Чешка.

Наградата во името на Continental ја прими Оливер Шрам

„Сите купувачи и корисници како на гуми со висок перформанс, така и на гуми што се употребуваат во земјоделството, на пазарите во Европа до Кина, ќе имаат голема придобивка од извонредната посветеност што ја има Continental во инвестициите за развој и истражување, тестирање и производство во последните 12 месеци.  Му честитаме на нашиот Производител на годината!“, рече Грејам Хипс, издавач на часописот “Tire Technology International“ и претседател на тимот судии. Таа годишна награда за иновации и извонредност особено ги вреднува извонредните идеи и напорната работа вложена во проектирањето на процесната индустрија.  Кадидатите беа номинирани од страна на читателите на часописот „Tire Technology International' или беа препорачани од страна на претставниците на издавачот. Независното жири експерти потоа гласаа и го одлучија победникот.

Почеток

Во контекст на својата Визија за 2025 година, Continental веќе од 2011 година инвестираше над 3 милијарди евра во изградба на нови фабрики: Хефеи (Кина), Калуга (Русија) и Самтер (Јужна Каролина, САД). Од тој износ, 350 милиони евра годишно се инвестираа во проширување на постоечките објекти низ светот. Освен тоа, изградбата на единствениот аналитичко-испитен центар на Continental - „Automated Indoor Braking Analyzer (AIBA)“ во Контидром, ги постави темелите за отворање на технолошки центар за висок перформанс (HPTC) во фабриката во Корбах, Германија. Со усогласената мрежа за производство на машини за производство на гума, HPTC создаде виртуелен изглед на производство во реално време. Тоа подоцна ќе се предаде и имплементира во сите фабрики на Continental во светот и со тоа ќе се унапреди ефикасноста и совршеноста. Во 2016 година, за првпат, Continental произведе 150 милиони гуми за патнички возила и гуми за лесни теретни возила, а истовремено постигна многу подобра регионална рамнотежа меѓу производството и продажбата во регионите на Европа, Среден Исток, Африка, Америка и Азиско-Пацифичкот регион. Како резултат на тоа, Continental го продолжува својот цврст пат да ја реализира Визијата за 2025 година.

Освен тоа, експертското жири на „Tire Technology International“ и претходно донесе одлука со која Сontinental беше прогласена за Производител на годината во 2014 година. Истовремено, Сontinental беше наградена за иновации во таканаречената фабрика ContiLifeCycle во Хановер Штекен, со која ја обедини технологијата на интегриран пристап со комбинацијата на врела и студена репарација со рециклирана гума. Таа технологија е до ден денес глобално единствена.

Почеток

Ние користиме колачиња за да се осигура дека ви го даваме најдобриот опит на нашата веб страница. Кликните тука за да дознаете нешто повеќе или да ги промените поставките за колачиња.