Кога првпат ќе го зграпчите воланот на супер спортскиот автомобил и во кривината ќе ги почувствувате силите што ви ја зовриваат крвта низ вените и имате чувство дека ве лазат мравки, дознајте ја тајната на спортското возење и значењето на врвните пневматици.
Дали сакате да ги остварите своите автомобилски соништа? Black Chili Driving Experience ви нуди животна шанса да доживеете четири незаборавни денови, во кои ќе уживате не само во возењето спортски автомобили по живописните патишта на Прованса, туку ќе се разгалувате соодветно во тамошните престижни хотели и бутик-ресторани.
Black Chili е „тајниот зачин“ на Continental: смеса, која се грижи пневматиците да можат да постигнат уште подобри резултати, уште подобро прилепување. Со помош на бројни истражувања, иновации и долготраен развој, нејзиното воведување значително ги подобри возењето и способноста за сопирање на летните пневматици со високи перформанси (UHP и uUHP) и истовремено го намали отпорот на тркалање, поради што пневматиците се поиздржливи и при секојдневната употреба.
Речиси секој трет нов автомобил што е произведен во Европа, фабрички е опремен со Continental пневматиците. Затоа што Continental не е само производител на пневматици, туку околу 75% од своето целосно глобално дејствување го врши како набавувач на автомобилски делови. Затоа не изненадува што повеќето нови автомобили се опремени и со широкиот спектар на останатите производи што ги произведува Continental, како што се амортизација, сопирачки и други безбедносни системи (ABS, ESP, AEB итн.), поврзаност, забавно-медиумски решенија и дури мали, но значајни работи, како што се млазници за миење на фаровите.
Пневматиците SportContact 6, PremiumContact 6, ContiSportContact 5P и ContiSportContact 5 се монтирани на автомобилите што ќе имате можност да ги возите на настанот Black Chili Driving Experience, а се особено погодни за спортски автомобили, теренски возила и за врвните електрични автомобили. Сите автомобили кои се дел од настанот - Jaguar I-Pace, Ford Mustang, Porsche Boxster 718, Mercedes C43 AMG, Audi RS3 и BMW M240i - оригинално се опремени со Continental пневматици, што значи дека се изработени во тесна соработка со автомобилските производители.
За да ја прослави својата водечка улога во автомобилската индустрија и во индустријата за пневматици, Continental ќе ги однесе среќните добитници на настанот Black Chili Driving Experience. Меѓу најдобрите сто натпреварувачи во секоја земја учесничка ќе избереме победник, кој ќе може на настанот да поведе уште една личност по свој избор.
Посетете ја www.blackchili.mk за повеќе информации и за да учествувате.
*Настанот ќе се одржи во октомври годинава или на пролет следната година, а при организирањето ќе се почитуваат сите здравствени ограничувања и препораки.
Сите што ќе го решите квизот на blackchili.mk, ќе добиете посебна поволност, која ќе може да ја искористите при купувањето на Continental пневматици кај избрани овластени дистрибутери.