Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image

Медија сервиси

Потрошувачите продолжуваат да им веруваат на зимските пневматици

20/02/2020
WinterContact™ TS 870
  • Новиот WinterContact TS 870 ќе се произведува во повеќе големини за компактни и за средни возила
  • Околу 80 отсто возачи продолжуваат да се префрлаат на зимски пневматици
  • Побарувачката за зимски пневматици со големина до 17 инчи и понатаму е голема

Новиот пневматик WinterContact TS 870 од Continental ќе биде пуштен на пазарот оваа есен. За пуштање на пазарот Continental планира да произведе 19 големини за бандажи од 14 до 17 инчи, што се соодветни за супкомпактни, компактни и средни модели. Портфолиото понатаму ќе се проширува навреме за зимската сезона 2021 година. Овој сегмент останува најголем од аспект на побарувачката за зимски пневматици во Западна и во Централна Европа. Само во Германија, Австрија и во Швајцарија од 2017 до 2019 година побарувачката за овие зимски пневматици изнесувала од 23 до 25 милиони единици. Побарувачката е голема и во Полска, Чешката Република и во Словачка, каде што во минатите три години биле продадени околу 7 милиони зимски пневматици со овие големини. Иако експертите предвидуваат дека ќе продолжи трендот кон поголеми, пошироки пневматици, побарувачката за зимски пневматици од 15, 16 и 17 инчи останува голема. Според специјалистите од Continental, само три големини - 185/65 R 15 T, 195/65 R 15 T и 205/55 R 16 H - кои карактеристично се поставуваат на компактните и на средните модели на возила учествуваат со значителни 25 отсто во продажбата на зимски пневматици во Германија, Австрија и во Швајцарија. Овие димензии се меѓу омилените и во Западна и во Централна Европа.

Големо мнозинство возачи сѐ уште ги менуваат своите пневматици според сезоната. Експертите на Continental потврдуваат дека околу 80 отсто сопственици на автомобили во Германија, Австрија и во Швајцарија се префрлаат на зимски пневматици за студената сезона за да можат да продолжат да возат безбедно дури и кога ќе се влоши времето. При купувањето нови пневматици возачите сѐ уште им се обраќаат на своите продавачи на пневматици за совет и ги прегледуваат релевантните тестови во списанијата за автомобили пред да го изберат вистинскиот производ за своите потреби. Тоа објаснува зошто зимските пневматици што ги покажале своите високи перформанси на таквите тестови, како што се пневматиците од семејството производи WinterContact од Continental, се едни од најпопуларните меѓу потрошувачите. Откако WinterContact TS 860 беше произведен првпат во 2016 година, пневматикот е награден со највисоки признанија на 36 од 37 тестови.

Неговиот следбеник WinterContact TS 870 ќе биде достапен кај голем број автомобили уште од самиот почеток. На пример, пневматиците со најмала големина ќе бидат вградени во VW up!, а во компактната класа ќе има пневматици за VW Golf и Citroen C4, меѓу другите. За поспортските модели, вклучително и BMW 1-Series and 3-Series, новиот зимски пневматик на Continental ќе помогне за обезбедување безбедно возење во текот на целата студена сезона.

Контакт
press_contact_image_sidebar_luka_maselj
Luka Maselj

PR & Marketing communications B2C

Continental Adria pnevmatike d.o.o.
Zagrebška cesta 104
2000 Maribor
Slovenia

+386 24 50 34 48

+386 24 50 34 39