Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

New content item

WinterContact™ TS 860

Известување за заштита на податоци

Continental Adria pnevmatike d. o. o. ги обработува вашите податоци во контекст на вашата употреба на процесот за веб-сајтови continental.mk во согласност со важечките законски регулативи.


1. Општо
Личните податоци внесени од вас се собираат, процесираат и користат од страна на Continental Adria pnevmatike d. o. o. за целите на извршување на договорот во рамките на вашето користење на процесот на веб-сајтови continental.mk. До оној степен до кој ова е неопходно за извршување на договорот, податоците можат да се пренесат на компаниите кои се поврзани со Continental Adria pnevmatike d. o. o. во согласност со дел 15 и следните од германскиот Закон за акционерски друштва како што е пропишано во Обврзувачките корпорациски правила на Continental.
Ако е дозволено и/или пропишано со закон, податоците може да бидат евалуирани за целите на известување (на пример, статистика).
Вашите податоци ќе бидат собрани, процесирани и употребени исклучиво во согласност со важечките регулативи за заштита на податоци (на пример, вашата согласност).
При гарантирањето на обезбедувањето на веб-сајтови continental.mk (на пример, техничка поддршка), ние пренесуваме податоци до нашиот провајдер на услуги,

- Materna GmbH, Voßkuhle 37, 44141 Dortmund, Germany

- Arvato Systems S4M GmbH, Ringstr. 16-20, 33378 Rheda-Wiedenbrück, Germany and

- mmpro film- und medienproduktion GmbH, Fidicinstraße 3, 10965 Berlin, Germany.

Materna GmbH, Arvato Systems S4M GmbH and mmpro film- und medienproduktion GmbH ги собира и процесира вашите лични податоци во наше име до оној степен до кој тоа е неопходно за извршување на договорот (врз основа на договор за заштита на податоци или, ако Materna GmbH, Arvato Systems S4M GmbH and mmpro film- und medienproduktion GmbH е базиран надвор од ЕУ, врз основа на стандардните договорни клаузули во ЕУ).

 

Во согласност со законските одредби, сите ваши податоци се третираат како строго доверливи.


2. Собирање и процесирање податоци

Continental Adria pnevmatike d. o. o. чува само лични податоци кои се поврзани со корисниците на нејзините веб-сајтови услуги continental.mk ако за ова е дадена согласност. Единствените податоци кои се чуваат се однесуваат на датумот и времето на посетата, посетените страници, користење на курсерот на веб-страницата, користените функции на веб-страницата и веб-страницата од која корисникот пристапил до веб-страниците на Continental. IP адресата се пренесува анонимно и се користи само за доделување географска локација на ниво на град. Continental Adria pnevmatike d. o. o. ги користи овие информации за мерење на активноста на веб-страницата, за продуцирање статистички анализи, и за подобрување на услугите и информациите кои се даваат преку веб-страниците.


Личните податоци на корисниците се користат само за процесирање на барањата во контекст на дадената согласност во согласност со важечките регулативи за заштита на податоци. Врз основа на законските барања, Continental ги применува сите глобални, еднообразни и внатрешни Правила за заштита на податоци (Обврзувачки корпоративни правила) кои ја регулираат заштитата на Вашите лични податоци.

Continental Adria pnevmatike d. o. o. ги чува податоците внесени во веб страниците или податоците за процесот как на пример име, компанија, и-мејл, адреса и телефон само заради лично комуницирање со Вас. Податоците се чуваат и/или се користат исклучиво за целите на процесирање на вашето барање/прашање/учество во натпревар. Вашите податоци се бришат откако ќе заврши процесирањето на вашето барање/прашање, под услов ова бришење да не е во спротивност со кои било законски должности за чување евиденција.


3. Правата на субјектот на податоци

3.1 Имајте предвид дека, како субјект на податоци, во согласност со Општата регулатива на ЕУ заштита на податоци (EU General Data Protection Regulation (EU GDPR)), ги имате следниве права во врска со процесирањето на вашите лични податоци:

 

Права на информации според член 13 и член 14 EU GDPR
Право на пристап според член 15 EU GDPR
Право на ректификација според член 16 EU GDPR
Право на бришење според член 17 EU GDPR
Право на ограничување на процесирањето според член 18 EU GDPR
Право на преносливост според член 20 EU GDPR

 

Ако имате прашања во врска со ова, контактирајте со нашиот супервизор за заштита на податоци по електронска пошта на: dataprotection@conti.de


3.2 Во согласност со член 21 EU GDPR, имате право да ја повлечете вашата согласност за собирање, процесирање/чување и користење на вашите податоци во секое време. Согласноста мора да се повлече во писмена форма до Continental Adria pnevmatike d. o. o., Zagrebška 104, 2000 Maribor, Slovenia или со испраќање електронска порака adria@conti.de.

 

3.3 Секогаш можете да контактирате со нашите службеници за заштита на податоците по писмен пат (вклучувајќи електронска пошта) со прашања или поплаки. Електронска пошта: dataprotection@conti.de. Исто така, можете да ги контактирате соодветните органи за заштита на податоци, доколку постојат.

 

4. Заштита за зачуваните податоци

Нашата компанија и Materna GmbH, Arvato Systems S4M GmbH and mmpro film- und medienproduktion GmbH користат технички и организациски безбедносни мерки за да ги заштитат личните податоци кои вие ги обезбедувате, од манипулација, загуба, уништување или од пристап од неовластени лица. Овие безбедносни мерки постојано се подобруваат и адаптираат во согласност со најновата технологија. Обезбедените податоци кои не се шифрирани би можеле да бидат видени од трети лица. Од овие причини, би сакале да истакнеме дека, во врска со преносот на податоци преку Интернет (на пример, по електронска пошта) не може да се гарантира безбеден трансфер. Според тоа, чувствителните податоци не треба да се пренесуваат воопшто или треба да се пренесуваат само преку безбедна врска (SSL). Ако пристапите до страници и датотеки и од вас се побара да внесете лични податоци, имајте предвид дека пренесувањето на тие податоци преку Интернет може да не е безбедно и дека постои ризик тие да бидат видени и манипулирани од неовластени лица.

 

5. Колачиња 

Кога ја посетувате нашата веб-страница/ги користите нашите алатки/улуги, информациите можат да се чуваат на вашиот компјутер во форма на колачиња. Таквите колачиња се користат исклучиво за обезбедување на функционирањето на веб-страниците. Други колачиња (на пример, поврзани со користењето на веб-страницата) се креирани само врз основа на вашата согласност (види Политика на колачиња). Исто така, можете да изберете да не ги прифатите колачињата во вашите подесувања на прелистувачот. Меѓутоа, имајте предвид, дека можеби нема да можете целосно да користите неколку функции на оваа веб-страница/алатки/услуги ако го сторите тоа.


6.  Oracle Infinity

Оваа веб-страница користи Oracle Infinity, алатка за веб-анализа од Oracle Infinity Inc. (во понатамошниот текст „Oracle Infinity“). Oracle Infinity користи колаче на нашата страница кое се креира само врз основа на вашата дозвола.
Единствените податоци кои потоа се чуваат се поврзани со датумот и времето на посетата, посетените страници, користењето на курсерот на веб-страницата, користените функции на страницата и веб-страницата од која сте пристапиле на веб-страниците на Continental. Вашата IP адреса анинимно се пренесува и се користи само за доделување географска локација на ниво на град. Според тоа, не е можно да се утврди идентитетот на поединечен посетител на веб-страницата во кое било време.

 

7.  Google Analytics

Оваа веб-страница користи Google Analytics, алатка за веб-анализа од Google Inc. („Google“). Google Analytics користи колачиња,кои се текстуални датотеки кои се чуваат на вашиот компјутер за да помогнат веб-страницата да анализира како корисниците ја користат страницата. Информациите генерирани од колачето за вашата употреба на овие веб-страници ќе бидат пренесени и чувани на сервер на Google во САД.

Во случај на активирање на анонимизација на IP адреса, Google ќе го скрати/анонимизира последниот октет од IP адресите на земјите-членки на Европската унија, како и за другите страни на Договорот за Европската економска зона. Само во исклучителни случаи се испраќа целосната IP адреса, скратена, до серверите на Google во САД. Оваа веб-страница користи активна IP анонимизација. Во име на провајдерот на веб-страницата, Google ќе ги користи овие информации за евалуирање на вашето користење на веб-страницата, собирајќи извештаи за активноста на веб-страницата за провајдерот на веб-страницата и обезбедувајќи други услуги поврзани со активноста на веб-страницата и користењето на Интернетот за провајдерот на веб-страницата.

Google нема да ја поврзува вашата IP адреса со кои било други податоци кои ги чува Google. Колачињата на нашата страница се користат само врз основа на вашата согласност. Покрај тоа, можете трајно да спречите колачињата да бидат чувани така што ќе направите соодветни промени во подесувањата на вашиот прелистувач. Меѓутоа, би сакале да истакнеме дека ако го сторите тоа, можеби нема да можете целосно да ги користите сите функции на оваа веб-страница. Покрај тоа, можете да спречите Google да ги собира и користи податоците (колачиња и IP адреси) така што ќе го преземете и инсталирате додатокот за прелистувач достапен на: http://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=en

 

Колачињата на нашата веб-страница се чуваат само врз основа на вашата согласност. Покрај тоа, можете трајно да спречите колачињата да бидат чувани така што ќе направите соодветни промени во подесувањата на вашиот прелистувач. Меѓутоа, би сакале да истакнеме дека ако го сторите тоа, можеби нема да можете целосно да ги користите сите функции на оваа веб-страница.


8. Споделување на социјалните мрежи:

Ако ја користите функцијата „Сподели“ на нашата веб-страница, не се пренесуваат лични податоци до соодветниот сервис на социјалната мрежа. Ако користите свој профил за споделување на содржината на нашата веб-страница, ние немаме никакво влијание на содржината и опфатот на податоци кои ги собираат овие мрежи. Во овој поглед, важат условите за користење и политиките за приватност на соодветната социјална мрежа.

 

9.  iFraming:

Ние вградуваме видеа преку iFraming на нашата веб-страница. Надворешната содржина од трети веб-страници може да се вгради и прикаже во дефинирани зони на нашата веб-страница преку iFraming

 

Видеата од следниве трети веб-страници се вградени на нашата веб-страница:


YouTube:

Оваа веб-страница од која се вградени видеа преку iFraming е управувана од YouTube, LLC, 901 Cherry Ave., San Bruno, CA 94066, USA.

Со кликнување на видеата, тие ќе бидат обележани со логото на YouTube. Можете да го најдете известувањето на YouTube за заштита на податоци[овде].

Ако посетите една од нашите веб-страници со вградени видеа, Internet Explorer автоматски ќе воспостави врска со серверот на соодветната мрежа. Кликнувајќи на вграденото видео, вие давате согласност за комуницирање со горенаведената веб-страница и за ставање на колачиња од оваа веб-страница. Со кликнување на вграденото видео, информацијата дека сте ја посетиле нашата веб-страница автоматски ќе биде проследена до операторот на горенаведената веб-страница и колачињата ќе бидат ставени од горенаведената веб-страница.

Ако сте најавени на горенаведената веб-страница додека ја посетувате нашата веб-страница, пренесените податоци ќе бидат поврзани со вашата корисничка сметка. Ако сакате да ја спречите мрежата да ги поврзува информациите со вашата корисничка сметка на овој начин, одјавете се од соодветната мрежа пред да кликнете на соодветното видео.

Дури и ако не сте регистрирани како член на горенаведената веб-страница, или ако во моментот не сте најавени, вашите податоци можат да бидат чувани од операторот на горенаведената веб-страница откако ќе кликнете на соодветното видео. Ние немаме влијание на ставањето на колачиња од трети лица и над опфатот и содржината на податоците кои ги собира горенаведената веб-страница или врз тоа како тие податоци се користат. За повеќе информации, прочитајте ги политиките за приватност на горенаведената веб-страница.

Related Topics

Ние користиме колачиња за да се осигура дека ви го даваме најдобриот опит на нашата веб страница. Кликните тука за да дознаете нешто повеќе или да ги промените поставките за колачиња.