Continental е пионер на сигурно возење повеќе од 140 години. Денес компанијата може да го поткрепи ова тврдење: со својата Визија нула.
Како еден од најголемите стручњаци за безбедност низ светот Continental си постави многу амбициозна цел што треба да ја постигне во три успешни фази: развој од најдобри во сопирањето до без ниеден смртен случај, ниедна повреда и ниедна несреќа. И тоа со добри причини. Само Continental го познава целиот процес на сопирање до секој детаљ од педал до пневматик. Безбедноста на пат почнува таму каде што пневматиците го допираат патот. Реномиран според исклучителната експертиза за пневматици, Continental ја усовршува безбедноста на патиштата низ светот повеќе од еден век. Според тоа, сакаме да информираме колку што е можно повеќе возачи за поголемата безбедност кога се користат пневматици од високата технологија напумпани до точниот притисок и со адекватна длабочина на слојот за газење. Освен иновациските пневматици, Continental Automotive Group веќе разви револуционерни технологии што се застапени во модерните возила: ABS, ESC и EBA, да спомнеме некои. И тоа е само почеток. Са се поинтелигентни возила, се зголемува и можноста да се достигне Vision Zero. Continental е горд што нуди холистичка експертиза во клучните технологии за сигурност на патот, отворајќи го со тоа патот кон Vision Zero.