Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image1_lg

Компанија

Работи и кариера

Continental AG – Производите со високи перформанси потекнуваат од културата на високи перформанси

Continental Career - Let your ideas shape the future

Системи за сопирање, погонски системи и системи на шасии и компоненти, инструменти, инфотејнмент-решенија, електроника на возила, пневматици и технички еластомери се само еден мал пресек на широкиот асортиман на производите на Continental. 

Continental - иновативен, меѓународен, динамичен

Continental се гледа себеси како иновациски ориентирана компанија и се наоѓа меѓу водечките снабдувачи на автомобилската индустрија во светот.  Во моментов корпорацијата вработува приближно 240.000 лица во 61 земји, а во 2014 година остварила продажба од околу 34,5 милијарди евра.

Во поново време корпорацијата мина низ динамични промени, остварувајќи раст на глобално ниво, но не само како резултат на многубројните аквизиции туку и преземајќи сè подобра позиција во рамките на глобалната конкуренција. Фундаменталното искуство што го стекна корпорацијата низ овој процес на промена е колкава одлучувачка улога во неа има корпорациската култура. Предизвиците, како што се „одржливост“, „потрага по иновации“ и „профитабилен раст“, со самото тоа повеќе дојдоа до израз.

Continental обликува иднина на поврзана мобилност

Корпорацијата ја прави индивидуалната мобилност посигурна, поудобна и уште поодржлива. Со своите клучни компетенции, производи и услуги, Continental, заедно со своите купувачи, ги подобрува безбедноста, удобноста и уживањето во возењето. Корпорациските производи, технологии и процеси даваат значителен придонес кон одржливата мобилност.

Нашите вработени се клучни за нашиот успех

Неговите вработени, всушност, се она што го прави силен Continental. Корпорацијата очекува посветеност и целисходност од своите вработени. Таа ја наградува исклучителноста и креира работни услови што се потребни за подобрување и за поттикнување на квалитетот на перформансите. Таа промовира посветеност, квалификација, образование и тренинг, флексибилност и лојалност како нешто што се подразбира. Многу се инвестира во работните опкружувања во сите делови на корпорацијата. Корпорацијата е посветена на овозможување здрави услови на работа и осигурување на безбедноста на работното место. Сите во Continental имаат еднаква шанса, без оглед на годините, националноста, полот, верисповедта, расата или сексуалната ориентација.

Бренд на работодавец Continental

Со нашиот бренд на работодавец го искажуваме тоа што денес значи Continental: Иновација, Интернационалност, Страст и Успех. 

Повеќе за брендот на работодавец овде