Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image1_lg

Компанија

Пневматици за иднината

Go Green: „Ние ја развиваме одржливоста“

Зачувувањето на ресурсите и намалувањето на потрошувачката на гориво се главни цели во развојот на пневматици.

Кај производителот на пневматици Continental одржливоста е меѓу првите теми на дневен ред. Стручњаците од разни области работат заедно со производствениот сектор за истражување, развој и тестирање за да направат пневматици на иднината што ќе бидат енергетски уште поефикасни и еколошки во текот на процесот на производство, користење и рециклирање. Во тој процес тие ја испитуваат секоја компонента на пневматиците и ја заменуваат, ако е неопходно, со материјали што се повеќе еколошки компатибилни. Во производствениот процес во Continental присутна е и насоченост кон сè поголема одржливост.  На пример, иновацискиот процес е воведен за да ја врати искористената гума назад во процесот на производство, овозможувајќи гумата од искористените пневматици повторно да се искористи во процесот на обновување на слојот за газење.

Sponsoring

Пневматиците за хибридни и за електрични возила помагаат да се намали емисијата на јаглерод диоксид.

Најновиот производ што се вклучи во асортиманот на Continental е специјалниот пневматик за хибридни возила што има за 30% намален отпор на тркалање во однос на стандардните пневматици. Со ваква гума на пневматикот, хибридните модели може да ја намалат употребата на моторот и да ја зголемат употребата на електричниот мод. Експертите што ги развиваат пневматиците во Continental не мора да прават компромиси со карактеристиките што се однесуваат на сигурноста за да постигнат намалување на отпорот на тркалање, што се докажува со највисоките оцени добиени на ЕУ-етикетата, како за отпорот на тркалање, така и за растојанието на сопирање на влажни патишта. 


sponsoring_02-Image

Гума од глуварче и плантажи покрај фабриката.

Еден аспект на активностите за одржливост на Continental што подобро ѝ е претставен на јавноста е пневматикот од глуварче. Во ова компанијата соработува со институтот Fraunhofer за молекуларна биологија и применета екологија, IME. Цел е да се користи природниот латекс што се добива од коренот на глуварчето како комерцијално одржлива замена за природниот латекс што се добива од плантажите на каучук во прашумите. Глуварчето може дури и да се одгледува на земјиште на кое не може да се одгледуваат култури што се користат во исхраната, така што создавање плантажи покрај фабриките во Средна Европа има и економска и еколошка смисла. Малите растојанија при транспорт значително ја намалуваат емисијата на јаглерод диоксид, каучуковото дрво во прашумите може да биде поштедено и производителот на пневматици станува имун на постојаното менување на цените на глобалниот пазар на гуми. Со оглед дека од 10 до 30 отсто од гумите во автомобилските пневматици потекнуваат од каучук (Hevea brasiliensis), предностите брзо стануваат очигледни.


sponsoring_03-Image