Continental е еден од водечките европски производители на пневматици за патнички возила и за лесни камиони (PLT) во Европа и четврти по големина производител во светот на пазарот на пневматици за прво вградување и за замена. Continental, основан во Хановер, Германија, во 1871 година, денес е еден од водечките испорачувачи во автомобилската индустрија. Со повеќе од 190.000 високообучени вработени на повеќе од 554 локации во 61 различна држава, ние значително и одржливо го „возиме“ напред прогресот на автомобилската индустрија. Со нашите производи и услуги придонесуваме кон безбедна, економична и еколошки ефикасна мобилност.
Дивизијата Passenger and Light Truck Tires е составена од брендовите Continental, Uniroyal, Semperit, Barum, General Tire, Viking, Gislaved, Mabor и Sportiva. Continental, нашиот премиум бренд, зазема водечка позиција во работите на прво вградување и замена. Како бренд со наследство, Continental собра огромно знаење и стручност, а тоа го прави еден од водечките производители на премиум пневматици и снабдувачи во автомобилската индустрија. Нашите години на опсежни истражувања и тестирања покажаа дека пневматиците не се само клучни за вкупните перформанси на возилата туку и дека тие многу влијаат и врз силата на сопирање. Поради тоа, ние никогаш нема да престанеме да го оптимизираме нашиот асортиман на производи за да бидеме сигурни дека нашите пневматици секогаш даваат одлично сопирање, максимална безбедност и најголемо уживање во возењето.
За да го постигнеме тоа, ние ги тестираме нашите пневматици на нашите испитни полигони низ светот, вклучувајќи го и Контидром, наша локална патека во близина на Хановер. Во рамките на Контидром, во првиот сосема автоматизиран систем за тестирање на пневматици, AIBA, може да се спроведуваат тестови во текот на цела година на влажни и на суви површини на патот. Додека ние ги развиваме и ги тестираме нашите премиум пневматици, ги разгледуваме сите можни аспекти на безбедноста и перформансите. Тоа повторно се потврдува на независните тестови низ светот, каде што неколкупати освоивме највисоки препораки. Нашите пневматици, исто така, мора да поминат низ стотици строги тестови на производителите на возила за да докажат дека имаат перформанси според највисоки стандарди. Дури тогаш пневматиците на Continental добиваат одобрение за прво вградување. Резултат е дека приближно секое трето возило во Европа ја напушта производствената линија со пневматици Continental.