Како дел од корпорацијата Continental, дивизијата ContiTech се вбројува во водечките испорачувачи на голем број производи од техничка гума, како и во компании што се специјализирани за пластични технологии. Ние развиваме, произведуваме и пласираме високотехнолошки производи и системи за примена во автомобилската и во други индустрии во осум децентрализирани единици што самостојно се одговорни за профит. Со околу 30.000 вработени во повеќе од 30 земји ние ги снабдуваме нашите партнери со иновациски решенија искажувајќи го нашиот водечки принцип „Engineering Next Level“. Како индустриски партнер со силна иднина пред себе, ние проектираме решенија со и за нашите клиенти низ светот.
Нашите типски решенија се посебно приспособени да одговорат на потребите на пазарот. Со големо искуство во материјалите и во процесите, ние сме во состојба да развиеме врвни технологии и истовремено да обезбедиме разумно користење на ресурсите. Имаме брз одговор на важните технолошки трендови, како што се интеграција на функции, софтверско проектирање и намалување на сложеноста, и нудиме асортиман на релевантни производи и услуги. На тој начин, кога сме ви потребни, ќе сфатите дека веќе сме тука.